Грчката телевизија Опен објави видео сторија за казино во Дојран кое наводно издава фалсификувани ковид сертификати. Во емитуваниот прилог на телевизијата во сопственост на контроверзниот грчки-руски бизнисмен Иван Савидис се тврди дека извесно казино во близина на граничниот премин Дојран-Дојрани на македонска територија, им обезбедува бесплатен лажен негативен тест на своите посетители со кој тие можат безбедно да се вратат во Грција, пренесува 360 степени.
Лажните сертификати за брз тест, според видео сторијата, се документи од овластен дијагностички центар, во кои без да биде извршено какво и да е тестирање, само се пополнуваат имињата на клиентите.
Извор: 360 степени