ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

ДКСК ќе го следи изборниот процес, институциите да ги почитуваат забраните утврдени во Изборниот законик и Законот за спречување корупција

Одредбите и ограничувањата од членот 8-а и 8-б од Изборниот законик и членот 34 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, се подвлекува во соопштението, не се применуваат во периодот од денот на изборот на Владата за спроведување на избори за пратеници се до денот на донесување на Решението за распишување на изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија од страна на Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија.

January 3, 2020 11:31
in ИЗБОРИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Во претстојниот период на спроведување на активностите поврзани со постапувањето на Владата за спроведување на избори за пратеници, како и за времетраење на изборниот процес, Државната комисија за спречување на корупцијата согласно одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси нема законски основ да дава мислења по доставени барања поврзани со начинот на постапување на министерствата, единиците на локалната самоуправа, фондовите, агенциите, дирекциите, јавните претпријатија, регулаторните тела, трговски друштва и други институции основани од државата, пренесе МИА.

Оттаму, соопшти денеска ДКСК ги известува сите институции дека нема да се произнесува со свое мислење на поединечни доставени барања и воедно ги повикува институциите да ги почитуваат забраните утврдени во Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси во текот на изборниот процес.

– ДКСК ќе го следи целиот изборен процес и во случаите на основи за сомневање дека се прекршува законот ќе презема мерки за утврдување на таквите сомневања, ќе ги извести надлежните органи и ќе бара преземање активности во рамките на нивното надлежно постапување, потенцираат од ДКСК.

Одредбите и ограничувањата од членот 8-а и 8-б од Изборниот законик и членот 34 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, се подвлекува во соопштението, не се применуваат во периодот од денот на изборот на Владата за спроведување на избори за пратеници се до денот на донесување на Решението за распишување на изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија од страна на Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија.

– Од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија се до изборот на Владата на Република Северна Македонија задолжително да се почитуваат забраните утврдени во членот 8-а и 8-б од Изборниот законик и во членот 34 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, се вели во известувањето од ДКСК до министерствата, единиците на локалната самоуправа, фондовите, агенциите, дирекциите, јавните претпријатија, регулаторни тела, трговски друштва и други институции основани од државата, како и јавноста.

Next Post

Паркинзите на ПОЦ бесплатни за Бадник и Божиќ

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

September 2, 2026
Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk