ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петков за МИА: Не доаѓам со никаков анекс на Договорот, туку со подготвеност за нов почеток

January 16, 2022 08:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Бугарскиот премиер Кирил Петков, кој во вторник пристигнува во земјава, на средби со новата Влада, вели дека со себе не носи никаков анекс на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, туку доаѓа со конструктивен тон и подготвеност за еден нов почеток, кој ќе биде подинамичен, попрактичен, ослободен од досегашните декларативни заложби и насочен кон конкретните важни прашања кои го задираат секојдневието на граѓаните на двете земји.

Петков, кој е прв странски државник, кој доаѓа во посета на Северна Македонија, по изборот на новата Влада, во интервју за МИА говори за тоа дали со себе ќе донесе некаков анекс на договор, нешто за што се шпекулираше изминатиов период.

– Не, не. Доаѓам со конструктивен тон и подготвеност да почнеме да работиме заедно. Немам подготвен документ или нешто, бидејќи сите тие документи немаат поента, ако не им дадеме вистинска мотивација дека мора да ја завршиме работата. Јас предлагам документите да ги оставиме како втор чекор, а прво да почнеме, за да има нешто за што ќе пишуваме во следниот документ. Инаку, опасноста е дека ние ќе напишеме документ и после што од тоа. Тука, задачата е да направиме програма, да ги направиме работните групи, да започнеме со дијалог, да имаме чувство на меѓусебна доверба и дека од двете страни има добри намери и да си ги поставиме целите, кои што сакаме да ги постигнеме за максимално краток период, нагласува Петков за МИА.

Бугарскиот премиер, кој го оцени како мошне конструктивен телефонскиот разговор, што го имал со мандатарот Димитар Ковечевки и изрази уверување дека тие двајцата како луѓе од економската и бизнис сферата имаат слична енергија за да ги придвижат работите, изрази надеж дека за време на посетата ќе се договорат околу формирањето на петте работни групи – за економија, култура, инфраструктура, евроинтеграција и историја.

Соработката и добрососедството вели Петков, треба да ги зајакнат интересните групи во одредена сфера, а не политичарите. Целта на посетата, додава тој, е да се направи програма за средбите на тие работни групи, кои би се состанувале секоја од нив еднаш месечно, со што би се остварил напредок по сите прашања.

– Ние треба постојано да комуницираме, да напредуваме. Моите надежи се дека во следните месеци реално и тоа се обидувам да го договорам за време на нашата посета, кога ќе дојдам е да ги направиме тие пет работни групи – за економија, култура, инфраструктура, евроинтеграција и историја. Не сакам само политичарите да доаѓаат и да говорат, кога говорам за економија сакам да ги видиме сите наши фирми кои сакаат и имаат интерес за Република Северна Македонија, сите фирми од вашата земја, кои имаат интерес за Бугарија. На таа средба политичарите не се потребни, на таа средба се потребни луѓе, кои сакаат да работат, да прават бизнис заедно, додава Петков, кој напоменува дека тој лично како премиер не може да разбере како се уште меѓу Скопје и Софија нема директна авионска линија.

Петков говореше и за седницата на бугарскиот Совет за безбедност, која беше свикана специјално на тема Северна Македонија и за тоа дека се создава впечаток дека соседната земја на Бугарија е најголемиот проблем за безбедност во време на пандемија, енергетска криза, влошени руско-украински односи…Тој во интервјуто за МИА се осврна и на роковите, на претходно од него поставениот рок од шест месеци за решавање на спорот, а сега по Констултативниот совет за безбедност за ставот кој го изнесе бугарскиот претседател Румен Радев дека рокови не се потребни, туку потребни се реални резултати.

– Всушност можеме за времето за кое ќе си ја завршиме работата. Јас тоа сакам да го кажам. Значи сега ако кажам одреден рок, шест месеци, почнуваме со истата декларативност. Треба да видиме какви се прашањата, како ќе ги решаваме. Рокот зависи само единствено од подготвеноста секоја од страни да си подаде рака и заедно да ја завршиме работата, вели Петков.

Бугарскиот премиер во интервјуто за МИА нагласува дека има лесни работи, но и потешки и почувствителни, кои треба да се адресираат.

– Јас сметам дека еден пријателски, конструктивен пристап треба да може да ги решава и лесните и потешките теми. Но, затоа најважно е да имаме доверба и таа доверба се надевам дека ќе ја изградиме и тоа со оние работи кои ги правиме заедно, нагласи Петков, кој додаде дека со конструктивен дијалог сите тие прашања се решливи.

Петков во интервјуто за МИА говори и за деструктивните сили и во Северна Македонија и во Бугарија, кои тежнеат кон назадување и работат против добрососедството, за борбата против корупцијата во неговата земја, но и во еден поширок контекст во регионот на Балканот.

– Ние треба да ги исчистиме сите оние кои заработуваат на грбовите на нашите народи. Затоа што има една мала група на луѓе, кои преку корупцијата заработуваат на сметка на сите останати. И јас мислам дека тие се дел од деструктивните елементи кои се поврзани и кои го поставуваат прашањето дали е добро или не е добро добрососедството меѓу двете земји, вели Петков. 

Бугарскиот премиер се осврнува и на очекувањата неговата земја да влезе во еврозоната, за притисоците врз Бугарија да се реши спорот, за состојбата на Балканот…

Интервјуто со бугарскиот премиер Кирил Петков во целост, заедно со видео материјал МИА ќе го објави утре.

извор: МИА
Next Post

Цунамито во Јапонија преврте и во океанот однесе 20 бродови

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk