Една моја пријателка (нема да ја именувам), докажан борец против режимот, денес преку ФБ статус повика на координација и кампања во којашто СДСМ ќе го добиеле историскиот шамар.
Демек ќе го казни СДСМ.
Има и други што заради револт и инает сакаат да го казнат СДСМ, несфаќајќи дека со тоа всушност ќе се казнат самите себе, ќе си ги казнат најблиските свои и ќе ја казнат Македонија. Вреди ли?
За среќа, оние што мудро размислуваат се во многу поголем број…
Да цитирам една друга моја пријателка – Daniela Jaskova:
„За инат се јаде вреќа сол. Не се гласа за вемероу децо.“
И уште еден цитат, од уште една моја пријателка – Vidana Boskova Micevska:
„Бев лута што поднесува оставка. Нејсе направи многу за државата, сакал да го провери народот.
Значи 30 месеци како премиер не казни никого.
Неколку денови пред договорена оставка вмро почна да се заканува со убиства, затворања…
И не е тоа затоа што не ви го смениле директорот. Мајндсет не се менува со уцени. Мајндсет се менува со осет. Осет за различно. За иднина. Ова не се менува. Затоа што се такви. Расипани.“
Пишува на својот Фејсбук профил Ацо Лукароски