ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Кина првпат годинава ќе произведе 50 отсто енергија од обновливи извори

January 28, 2022 13:42
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Горивата од обновливи извори како што се ветрот, сонцето и хидроелектраните, како и нуклеарната енергија, до крајот на оваа година, првпат во историјата, би можеле да достигнат половина од вкупното кинеско производство на енергија и да ја намалат употребата на фосилни горива, соопшти Кинескиот совет за електрична енергија.

Кина, која моментно се наоѓа на прво место во светот во однос на емисиите на стакленички гасови и потрошувачката на јаглен, планира во 2022 година да додаде 180 гигавати (GW) нови капацитети за производство на енергија од нефосилни горива. Така, вкупниот производствен капацитет од нефосилни извори ќе се зголеми на 1.300 гигавати, објави доцна синоќа Кинескиот совет за електрична енергија во својот најнов извештај.

Тоа би било половина од вкупно инсталираните 2.600 гигавати енергетски капацитети до крајот на оваа година, од кои на јагленот му припаѓаат 1.140 гигавати.

Кина се обврза да ја „контролира“ потрошувачката на јаглен во период меѓу 2021 и 2025 година и да го зголеми вкупниот енергетски капацитет од обновливи извори, ветер и сончева енергија, на најмалку 1.200 гигавати до крајот на оваа деценија за да ја достигне максималната потрошувачка на јаглен до 2030 година и до 2060 година да постигне декарбонизација.

Во својот извештај, Советот предвидува дека потрошувачката на електрична енергија во Кина оваа година ќе се зголеми за околу пет до шест отсто во споредба со минатата година, достигнувајќи 8,7 до 8,8 трилиони киловат-часови.

– Очекуваме дека понудата и побарувачката на електрична енергија во 2022 година ќе бидат избалансирани низ целата земја. Но, во некои региони, може да има прекини во снабдувањето за време на најголемата побарувачка во летните и зимските месеци, се додава во извештајот на Кинескиот совет за електрична енергија.

Минатата година, повеќе од половина кинески региони имаа проблеми со повеќемесечен недостиг на електрична енергија, делумно како резултат на ниското производство на хидроенергија, како и недоволното снабдување со јаглен.

извор: МИА

Next Post

Медведев против Надал во финалето на Австралија опен

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Кривични пријави за родителите на малолетничките кои претепаа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

May 5, 2026

Бочварски: За две години власта нема ниту еден нов проект, се фали со проектите на СДСМ

May 5, 2026

Мицкоски: Историски најниска невработеност и над 15.000 нови работни места во последната година

May 5, 2026
Илустрација Фронтлајн

Што знаеме за „Проектот Слобода“ на Трамп за Ормускиот Теснец?

May 5, 2026
Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис за 5 мај – Продлабочување во Стрелец

May 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk