ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ангел Димитров вели дека Северна Македонија не ја прифаќа заедничката историја со Бугарија

January 31, 2022 10:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Нема промени во составот на заедничката историска комисија со Северна Македонија од бугарска страна. Луѓето кои повеќе не се во комисијата за Северна Македонија си заминаа доброволно и не се сменети. Чудно е да се бараат промени онаму кадешто одлуките ги носи само земјата која ги предложила релевантните претставници. „Благодарни сме за добрата оценка на нашиот дел од работата на Мешовитиот комитет. Комисијата е научно тело, таа одлучува како треба да работи“ – ова за БНТ го изјави проф. Ангел Димитров, копретседател на Заедничката историска комисија со Македонија, а пренесува Макфакс.

„Како одговор на новата енергија што се внесува во билатералните односи, предвидовме поголема динамика во нашата работа. Закажавме три средби до средината на мај. Ова зголемување на ритамот не е нешто ново, од бугарска страна комисијата сакаше да има уште многу состаноци низ годините за да има резултати“, додаде Димитров.

Рече дека на почетокот оваа нивна желба била опишувана како политички притисок, но сега постои желба од другата страна. Првата средба годинава е на крајот на февруари, коментира Димитров.

Рече дека нема притисок врз комисијата и се пристапува со внимание и реализам, без посебни очекувања.

„Ние сме во средниот век, уште сме на предметот што се учи во основно училиште, сè уште не сме стигнале до она што се учи во средно, а работиме 3 и пол години. Сето тоа е поради неподготвеноста на нашите колеги да прифатат дека имаме заедничка историја, а тоа почна со средниот век, и затоа се случи блокада на нормалниот ритам на комисијата“, рече Димитров.

Инсистирал повторно да се отвори разговорот за Гоце Делчев, и на оваа тема се очекува да стане збор по 150-годишнината од неговото раѓање. Димитров додаде дека не очекува ништо што ќе предизвика голем ентузијазам во работата на комисијата.

Извор: Макфакс

Next Post

Фрчкоски: Не може да има споделена одговорност, Владата треба да знае дека она што го прави е добро

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk