ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

ЈО: Истражна постапка против биточленец за загрозување на сигурноста на јавни обвинители и дипломати

February 2, 2022 15:47
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 56-годишен битолчанец, осомничен за кривичното дело „загрозување лица под меѓународна заштита“ од член 420 став 4 во врска со став 1 и две кривични дела „загрозување на сигурноста“ од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.

– На 11.12.2021 година во рачно напишано писмо на англиски јазик, осомничениот се заканил дека ќе го убие Габриел Ескобар, помошник секретар во Стејт департментот на САД за надзор на политиката во државите на Западен Балкан, како и други американски дипломати. Писмото го адресирал до Амбасадата на САД во Скопје и истиот ден го испратил по редовна пошта преку АД Пошта на Северна Македонија – подружница ЦРПС Прилеп, информираат од Jавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Истиот осомничен, како што посочуваат од Јавното обвинителство, во периодот од 20.12.2021 до 22.12.2021 година, во два наврати, преку рачно напишани писма на англиски јазик, упатил сериозна закана дека ќе нападне врз животот и телото на службено лице во вршењето на службата и ја загрозил сигурноста на оштетената Вилма Русковска, Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

– Двете писма ги испратил по редовна пошта преку АД Пошта на Северна Македонија-подружница ЦРПС Прилеп, при што првото го адресирал до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, а второто до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. На 17.01.2022 година осомничениот упатил сериозна закана дека ќе нападне врз животот и телото на службено лице во вршењето на службата и ја загрозил сигурноста на оштетениот Љубомир Јовески, Јавен обвинител на Република Северна Македонија. Во писмо адресирано лично до оштетениот во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и испратено преку редовна пошта во АД Пошта на Северна Македонија-подружница ЦРПС Битола, осомничениот упатил директни закани по живот., се вели во соопштението

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп до судијата на претходна постапка во Основниот суд во Прилеп доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, за кого постои опасност да се даде во бегство и можност да го повтори делото.​​

Претходно денеска, МВР соопшти дека е проведен С.З. (56) од Битола под обвинение за „загрозување на сигурноста“ затоа што е осомничен дека испратил заканувачки писма до држаавниот јавен обвинител Љубомир Јовески, до обвинителката Вилма Рускоска и до една странска амбасада во Скопје.

извор: МИА

Next Post

Пендаровски : Храброста и пожртвуваноста на Мартин Милетиќ од Тетово заслужуваат огромно признание и восхит

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk