Денеска започнуваат Зимските олимписки игри Пекинг 2022 година. Режимот во Кина не дозволува политички протести.
За потврдување на моќта на кинескиoт диктатор и неговата тоталитарна суперсила:
Кога ќе пристигне олимпискиoт факел и кога ќе се запали на одреденото место на стадионот „Птичјо гнездо“ под неговиот понтифички поглед, кинескиот претседател Кси Џинпинг ќе ја крене раката и со мавтање ќе испрати порака до светот – Тој победи. Отпорот на светот е скршен без борба.
Меѓународниот олимписки комитет одлучи да ѝ довери и зимска и летна Олимпијада на Кина и покрај ужасните прекршувања на човековите права од страна на Кинеската Комунистичка партија против муслиманското малцинско население во Ксинџијанг, крвавата акција во Хонг Конг и нанесувањето на дистописки кошмар на сопствените граѓани.
Автор: Pete Kreiner / Австралија.