Полицијата во западниот дел на Германија убила 37 годишен маж кој се обидел да ги нападне со нож и во тек е проверка за тоа дала станува збор за тероризам.
Мажот, чие име не е соопштено, прво нападнал полициски автомобил пред полициска станица вчера вечер во Гелзенкирхен на западот од Германија, а потоа им пришол на службените лица вооружен со нож, рекол портпаролот на полицијата.
Мажот не застанувал и покрај предупредувањата на полицијата, по што на него пукал 27 годишен полицаец, пренесе „АП“.
Локалните медиуми пренесуваат дека станува збор за турски државјанин за кој се уште не се знае дали поседува германски пасош.