ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Има ли несогласувања во ДПМНЕ – Мицкоски е за минималецот да расте, Славески против

Различните ставови на Мицкоски и Славески ја „збунија“ јавноста која се прашува дали има „проблеми во Рајот?“.

February 4, 2022 18:35
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Зголемување на минималната плата деновиве е жешка и актуелна тема, како и средбите на синдикатите, работадавачите и владини претставници. Иако дијалогот уште е е во тек и не е постигнат конечен договор, според дадените изјави во медиумите, може да се забележи дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и поранешниот министер за финансиии, Трајко Славески имаат спротивни ставови.

Во гостувањето на Канал 5, Мицкоски рече дека се согласува на раст на минималецот, но само доколку се нивелираат и сите останти плати

„Деновиве се зборува за минималната плата, каков е вашиот став?” Мицкоски: „Тоа е една чудна непопулистичка од една страна приказна, од друга популистичка. Синдикатите велат минимална плата 18 илјади, работодавачите велат тоа е нема да го издржиме ќе ги завршиме бизнисите. Но, суштинскиот проблем е дали ако имаме ние минимална плата од 18 илјади денари ќе ги нивелираме сите останати плати нагоре. Тогаш сме „за”. Ако ние потоа ги нивелираме сите останати плати линеарно на ова зголемување, тогаш сме за, затоа што сите работници треба да го остварат тоа право“, рече Мицкоски. 

За разлика од лидерот, Славески за ТВ 24  рече дека се прифатливи барањата на работодавачите, да се промени методологијата за пресметка на минималецот, односно поголема тежина да има порастот на цените во усогласувањето на минималната плата.

„Во спротивно, ова што го бара Синдикатот  се коси со целокупната практика во Европа и во светот. Минималната плата не може да се однесува на преку 20 проценти од вработените како прво, и не може да биде 60 проценти од просечната, кога Европската унија која изрично наложува максимум да биде 50 проценти“.

Според Славески вaквото зголемување од 18.000 би придонело најголем дел од компаниите да затворат.

Со ваквите ставови на проф. Славески очигледно ВМРО-ДПМНЕ ги напушта позициите за заштитник на народот спротивставувајќи се на интересите на работниците од кои огромен дел се и подржувачи на оваа парија.

На изјавата на Славески веднаш реагираа и од Сојузот на синдикатите на Македонија.

ССМ на својата фејзбук страница ја објавија реакцијата на СИНДИ @ Е-советник за работнички права. Во објавата иронично пишува „го разбираме Трајко Славески поради тоа што тој во Македонија прима плата во висина на минимална плата во Германија, па веројатно и тој е револтиран што е на германски минималец во Македонија. 50% од просечната плата во Германија е 1.400 евра а во Македонија 14.000 денари, па еројатно му е тешко да го преживее месецот како на 110.000 работници, па затоа ги поддржува работодавачите, а не работниците“.

Различните ставови на Мицкоски и Славески ја „збунија“ јавноста која се прашува дали има „проблеми во Рајот?“.

Ваквите ставови на претставникот Славески  се и сосема спротивни на апелите на граѓаните во анкетата на ТВ Алфа во која ги осудуваат сите оние кои се против зголемување на минималната плата.

Д. Е.

Next Post

Културен натпревар меѓу народите

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk