ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Културен натпревар меѓу народите

February 4, 2022 20:28
in FRONTACTION, ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, РЕГИОН, УМЕТНОСТ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Светот. Светот стана полека едно големо ништо. Празна топка низ која вредностите се тркалаат, се мачат но никако не можат да паднат – да беше рамна како што веруваат многумина сигурно веќе ќе се испокршеа на мали делчиња.

Но, среќа не е – па вака и тука секојдневно Сизифовски не мачи за да ги исправиме – но на крај од патот ни влепува шлаканица.

Така беше и денес – на денот кога треба да се слави визијата. Или ко јас што љубам да кажам – ДЕНОТ НА ВИЗИОНЕРОТ.

Во срцето на Балканот во едно мало местенце 35km од Солун, пред 150 години се роди еден великан, културен деец, визионер кој во своите погледи имаше обединување, соединување и борба кон неправедностите. Денес е неговиот роденден. И две Балкански држави, народи низ чии териотрии тој чекорел и испишувал историја решија конечно да го слават заедно. Да не се расправаат колку проценти е чив – туку да го прегрнат и да го разберат тоа неговото “Јас го разбирам светот како поле за културен натперавар меѓу народите”  – или барем се трудат да го прават тоа – за прв пат да ја стават визијата пред историјата.

Но, ние сме светлосни години далеку од тоа да ја разбереме поентата на кажаното, а тоа се докажа и по чинот на свиркање и исвиркување и викање на роденденот на нашиот најголемиот човек на иднината.

Наместо сите заедно да го прегрнеме човекот и да пробаме после толку многу години да разбереме барем еден дел од неговите визии – ние се расправаме чив е, каков е и за што се борел?

Се борел за идеал – идеал за кој ние и денеска треба да се бориме. Се борел за подобро образование, за суштинска култура, за подобар живот, за слобода. Се борел за вредностите кои ние и те како секој дневно ги забораваме, и се бориме за други толку не битни и толку минливи работи, наместо да мислиме на нашите деца – ние мислиме на нашите баби.

Треба да ги почитуваме корените на дрвото – но да ја негуваме и крошната – оти само така ќе можеме да јадеме плод.

Замислете само – што се би сториле кога би го разбирале светот како што тој го разбирал?

Каде ли би била сега, оваа моја татковина која со години талка низ тунелот барајќи го светлото за излез.

Каде и како би мирисале утрата доколку културно се натпреварувавме со народите? Доколку ни беше важно како и што ќе научат нашите деца?

Би биле сигурно подалеку и не би биле дупка во Европа. Но никогаш не е доцна – да се разбере великанот и да се почне пак – со изгрејсонцето да се создава утрото – и тогаш навистина ќе се роди ново сонце на слободата.

До тогаш наместо културно да се издигаме ќе се убиеме со омраза и поделби и ова поле тука ќе стане мртва точка на Балканот – која секој ќе сака да ја одмине.

Eден мудар човек Отец Пимен денес напиша “Нит наш, нит ваш зашто не го заслужуваме оти не можеме да го разбереме, туку на сите оние што знаат да го раберат светот како што тој го разбираше. Вечен спомен Даскале! – и јас се согласувам со него.

Вечен спомен големино, се надевам дека ќе те разбереме толку многу колку што мислиме дека сме те разбрале.
Владанка Крстевски

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk