ВМРО-ДПМНЕ измислува непостоечки афери, поднесува пријави со една цел – да се обиде да го прикрие неработењето на градоначалничката Данела Арсовска, реагираат од СДСМ на изјавата на Даниел Апостоловски од Град Скопје.
– Три месеци од мандатот потроши Арсовска и не спроведе ниту еден еднинствен свој проект, освен што нивелираше некоја шахта и што ја партизираше градската администрација. Тоа го гледаат и граѓаните, тоа им е јасно на сите, затоа ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ја правдаат Арсовска и преку конструкции и измислици се обидуваат да го прикријат нејзиното неработење и дејствување на штета на градот и граѓаните, велат од СДСМ.





