ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Не е точно дека невакцинираните не умираат

February 10, 2022 08:17
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Не е вистина дека граѓаните кои нема да примат вакцина против ковид-19 немаат ризик да починат. Тоа е евидентно од статистиките на Институтот за јавно здравје кои секојдневно се споделуваат со јавноста, а кои покажуваат дека поголемиот дел од починатите лица се невакцинирани.

Вистиномер рецензира објава на Фејсбук во кој се прави дистинкција меѓу смртниот исход на вакцинираните и на невакцинираните граѓани. Меѓутоа, тоа се прави на неточен начин, односно фактите не кореспондираат со реалните. Во постот се вели:

Сега е веќе сосема јасно дека невакцинираните НЕ УМИРААТ како што предвидуваа ТВ експертите во бели мантили.

Не е точно дека граѓаните кои нема да примат вакцина против ковид-19 немаат ризик да починат. Тоа е евидентно од статистиките на Институтот за јавно здравје кои секојдневно се споделуваат со јавноста.

Реалноста покажува нешто сосема друго. „Вистиномер“ ги разгледа статистиките од први до шести февруари 2022 година, како само мал показател за нашето докажување на фактите.

На шести февруари, регистрирани се 29 починати лица во ковид статистиката. Од нив 6 биле целосно вакцинирани, а 23 не биле. Кај 26 лица биле регистрирани коморбидитети.

На петти февруари 2022 година регистрирани се 16 починати лица, од кои 3 биле целосно вакцинирани, а 13 не биле. Кај сите 16 лица се регистрирани коморбидитети.

На четврти февруари 2022 година регистрирани се 39 починати лица од кои 7 се целосно вакцинирани а 32 не се. Кај сите 39 лица се регистрирани коморбидитети.

На трети февруари 2022 година регистрирани се 24 починати лица од кои 9 се целосно вакцинирани, а 15 не се. Кај 20 лица биле регистрирани коморбидитети.

На втори февруари 2022 година регистрирани се 26 починати лица. Од нив 12 целосно биле вакцинирани а 14 не биле. Кај 25 лица се регистрирани коморбидитети.

На први февруари 2022 година, регистрирани се 35 починати лица, од кои 13 се целосно вакцинирани а останатите не биле. Кај 34 лица се регистрирани коморбидитети.

Од статистиката на Институтот за јавно здравје може да се заклучи дека поголемиот дел од починатите лица се невакцинирани, а заедничко за најголемиот дел од починатите пациенти од ковид е тоа дека имаат други придружни болести односно коморбидитети.

И искуствата на лекарите коишто две години работат во ковид центрите, покажуваат дека вакцината е спасоносна во поглед на смртниот исход, во голем број случаи. Така, доктор Илир Демири, инфектолог од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби на прес конференција минатата недела истакна:

Луѓето не треба да се опуштаат и да мислат дека омикрон е лесна варијанта, затоа што ова охрабрување е клинички неиздржано. Од моето досегашно искуство не сум видел ниеден починат од ковид без коморбидитети, а да е редовно вакциниран. Единствената мерка која би не заштитила да го поминеме ова полесно е вакцинацијата и тоа е наша обврска. Жално е пациент да живее во Скопје а да не е вакциниран, апелираше доктор Демири, кој истовремено е и член на Комисијата за заразни болести.

Точно е дека во статистиката на починати од ковид-19 има и вакцинирани граѓани, меѓутоа повеќето од нив имале и придружни болести односно коморбидитети. Не е точно дека ако сте невакцинирани, немате ризик од смрт доколку се заразите со ковид и доколку развиете тешка форма на болеста. Оттука, оценуваме дека не е вистина тврдењето во постот дека невакцинираните не умираат од ковид-19. Напротив, дневните статистики од Институтот за јавно здравје го покажуваат токму спротивното, дека најголем дел од починатите се невакцинирани.

Next Post

Хрватски медиуми: Хакер бара од А1 Хрватска половина милион долари во криптовалути

Shortcut

Најново

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

Четири активни пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати

August 27, 2026
Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk