Во однос на реакцијата на присутните медиуми за ограничениот пристап на аеродромскта платформа, а по повод слетување на авионот од Софија на Меѓународниот аеродром Скопје, упатуваме искрено извинување поради ненамерениот пропуст со кој беше ограничено движењето на присутните медиуми за нормално одвивање на медиумската работа, пишува во соопштението на Министерството за транспорт и врски.
„Како и досега, во иднина Министерството за транспорт и врски ќе обезбеди еднаков пристап на сите медиумски работници за извршување на нивните работни задачи.
Министерство за транспорт и врски, како организатор на настанот во соработка со ТАВ Македонија, обебеди пристап на платформата според меѓународни безбедносни протоколи со ограничено движење.
Ја разбираме реакцијата на медиумските работиници и уште еднаш упатуваме извинување за ненамерниот пропуст“, велат од Министерството.







