Авионската база во која се сместени американски и коалициски трупи во Ирак е погодена од ракети, тврдат американски безбедносни извори, пренесува Би-Би-Си.
Си-Ен-Ен јавува дека Базата Ал Асад, наводно, била погодена од најмалку 10 ракети. До сега не е познато дали има жртви.
Иранската државна телевизија известува дека нападот на Американската база е извршен од страна на Иранската исламска револуционерна гарда.
Овие напади се одговор откако иранскиот командант Сулејмани беше убиен во напад со беспилотни летало во Багдад во петокот, по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп.
Иран се закани со „сериозна одмазда“ за смртта на Сулејмани.
Белата куќа е свесна за извештаите за нападот и претседателот Трамп ја следи ситуацијата, според американски официјален претставник што разговарал за новинската агенција Ројтерс.