ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Талески: Ќе станеме полноправна членка на НАТО пред да се одржат изборите

По изборот на новата Влада во Мадрид во Шпанија постојат стабилни политички услови за да ја затворат нивната ратификација на протоколот. Владата го утврди текстот за ратификација на Вашингтонскиот договор и тој е пратен во Собрание. Тоа значи дека и ние сме спремни за ратификација, вели Дане Талески, советник за надворешна политика на премиерот и кандидат за амбасадор на Северна Македонија во НАТО

January 8, 2020 10:12
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

По изборот на новата Влада во Мадрид во Шпанија постојат стабилни политички услови за да ја затворат нивната ратификација на протоколот. Владата го утврди текстот за ратификација на Вашингтонскиот договор и тој е пратен во Собрание. Тоа значи дека и ние сме спремни за ратификација, вели Дане Талески, советник за надворешна политика на премиерот и кандидат за амбасадор на Северна Македонија во НАТО, пренесе МИА.

-Јас сум 100 проценти сигурен дека ратификацијата на Вашингтонскиот договор и нашето полноправно членство ќе го заврши Собранието во овој формат, пред да се распушти, пред да се одржат изборите и ние ќе станеме полноправна членка и формално на НАТО пред да се одржат парламентарните избори, рече во Утрински брифинг Дане Талески, советник за надворешна политика на премиерот.

Тој потсетува дека ние веќе во последнава година учествуваме во Алијансата на рамна основа во сите формати, а тоа се виде, додава, на состанокот на лидерите во Лондон каде премиерот Заев седеше на иста маса со Трамп, Меркел и Макрон и сите останати лидери на земјите членки на НАТО.

Во однос на нападот на Иран на две бази во Ирак со американски војници, нашата земја која е пред  влезот во Алијансата, гледа со доза на загриженост, како и целиот свет, особено кога ескалираат тензиите, посебно воени, и особено кога се напаѓа најважниот стратешки сојузник на РС Македонија – САД.

Тој посочува дека нападот врз воени бази на САД со можни жртви и материјални штети, веројатно повлекува вклучување на членот 5 кој вели „еден за сите – сите за еден“, ако една земја е напдната, нападнати се сите. Укажува и на изјавата на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг дека сите сојузници стојат зад својот најважен и најголем сојузник – САД, но оти сепак, НАТО и модерниот свет е место каде проблемите требна да се решаваат со дијалог и по мирен пат.

-Тензиите помеѓу САД и Иран и Иран и останатиот демократски свет, заради различни причини и интерси веќе подолго време ескалираат и ова е последниот момент да се напшрави пауза, да се земе здив и добро да се размисли, а посебно Иран за своите опиции и како ќе се поставува во оваа ситуација. Ситуацијата особено ќе зависи од обраќањето на претседателот Трамп кој ќе ги даде главните насоки како ќе се однесуваат САД, односно како оправдано ќе возвратат на нападот на нивната база и војници кои се таму, вели Талески.

Next Post

СДСМ: Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во преодната влада се кадри на Груевски, нивната матрица е режимска

Shortcut

Најново

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk