Графичкиот дизајнер и уметник Зоран Кардула, става на продажба два постери од неговата колекција, а парите од продажбата повикува да се уплатат на сметката на малата Ина, за итно отстранување на тумур на мозокот кој и предизвикува епилептични напади.
Двата постери со димензија /500х700мм/ Кардула ги става за продажба, а цената е 3.000 денaри.
Уплатете ги на сметка на девојчето и може да ги подигнете од кај мене.
Ајде да помогнемe, апелира уметникот Кардула.