ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во авионската несреќа во Иран загинаа Иранци, Канаѓани, Украинци, Швеѓани, Германци…

Компанијата соопшти дека последниот технички преглед на леталото е извршен во понеделникот, додавајќи дека тие прават се што е можно за да се утврди причината за несреќата

January 8, 2020 12:33
in СВЕТ
foto: BBC

foto: BBC

Share on FacebookShare on Twitter

Меѓу патниците загинати во авионската несреќа во Иран биле 82 државјани на Иран и 63 Канаѓани, како и државјани на Украина, Шведска, Авганистан, Германија и Британија.

Украинскиот министер Вадим Пристајко напиша на Твитер дека меѓу загинатите има 11 Украинци, од кои девет членови на екипажот, 10 државјани на Шведска, четворица од Авганистан и по тројца од Германија и Британија, пренесува МИА.

Украинската компанија „Интернешнл ерлајнс“ објави дека ќе ги прекине сите летови кон Техеран на неодредено време.

Компанијата соопшти дека последниот технички преглед на леталото е извршен во понеделникот, додавајќи дека тие прават се што е можно за да се утврди причината за несреќата.

Украинската амбасада во Иран претходно соопшти дека проблем со моторот на авионот е причина за уривање на украинскиот авион во Иран, а не ракетен напад или тероризам.

Украинскиот авион „Боинг 737“ со 176 лица се урна кратко време по полетувањето од аеродромот во Техеран, при што загинаа сите патници и членови на екипажот.

– Авионот полетал од меѓународниот аеродром „Имам Хомеини“ во иранската престолнина кога еден од моторите се запалил, изјави портпаролот на иранската служба за транспорт, Касем Биниаз.

Пилотот изгубил контрола над авионот, пренесе иранската агенција Ирна.

Во авионот, кој летал за Киев, Украина, имало 167 патници и девет членови на екипажот.

Авионот се урна само неколку часа откако Иран изврши ракетен напад врз две бази во Ирак каде се сместени американските сили, во знак на одмазда за убиството на иранскиот генерал Касем Сулајмани.

foto info BBC
Next Post

НАТО чека реакција од САД за ракетните напади на Иран

НАЈНОВО

Салиу: Меѓународниот ден на ромскиот јазик, не потсетува дека јазикот не е само средство за комуникација, туку и знак и на идентитетот, достоинство и духовна сила

November 5, 2025

Училиштата може да аплицираат за средства за реализација на активности за заштита од насилство, пороци, дискриминација, малолетничка деликвенција

November 5, 2025

Туфегчиќ за Онкологија: Во недостаток на аргументи и докази, многу е некоректно Обвинителство да се служи со сведоци кои ќе изнесуваат неосновани лични дискредитации

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk