„Секој човек, кој логично размислува, ќе согледа дека ако на граница стојат толку илјади војници, а има помала армија и помали можности, како можеш да нападне?“ – запраша амбасадорката Задорожњук како одогвор на прашањето дали е точно дека и Украина провоцира, во Тема на денот на ТВ Сител.
„Ние веќе имаме 14.000 загинати луѓе. Украина не напаѓа и нема да напаѓа. Ова веќе целиот свет го гледа“ – истакна амбасадорката.
Запрашана на тоа како гледа на поддршката која ја добиваат од Запад, одговори дека во 2014-та година биле сами кога нападна Русија, а сега ја имаат целосната поддршка и солидарност на западниот свет и на земјите членки на НАТО.
„Ние не сме сами, силно ја чувствуваме поддршката од сите цивилизирани земји. И најважно е што украинската армија сега е многу посилна, една од најсилните во Европа. Не бараме војници, ни од Северна Македонија, ни од САД, ние се потпираме на нашата војска. Според најновите истражувања, секој втор Украинец е подготвен да ја брани татковината. Апсолутно, украинската војска е подготвена да одговори на било каква агресија“ – изјави украинската амбасадорка Задорожњук.
М. М.