Средбата со талентираниот Анди уште еднаш ме потсети дека од најмладите можеме многу да научиме. Неговата мотивираност и дисциплина за само 2 години, од почетник го направија светски шампион по модерен танц на меѓународното првенство во Полска, во декември минатата година. Овој вид на танцување не е традиција во неговото семејство. Но сепак Анди, како што вели и самиот, е решен да собира уште награди на домашни и меѓународни натпревари. Од мене има целосна поддршка за нови успеси, напиша претседателот Стево Пендаровски на својт фан пејџ на Фејсбук.
https://www.facebook.com/SPendarovski/videos/pcb.3193336677346442/772556933228414/?type=3&theater
Младиот Анди Исмаили од танцовото студио „I Dance” од Гостивар е новиот светски шампион во категоријата современ танц соло деца на Светското првенство кое се одржува во Осса, Полска.