Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, жестоко се искара денеска со претседателката на Собранието на Асоцијацијата на архитекти, Искра Јанковска – Михајловска, пренесува Телма.
Како што може да се забележи од видеото, Арсовска не и дозволи на Јанковска-Михајловска да се доискаже за потребата за промена на проектот за реконструкција на Универзална Сала при градење, кој според градоначалничката не е безбеден и дека претходно било потребно да се направи анализа.