Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД веќе ги воведоа дополнителните санкции кон Иран, што вчера тој ги најави во говорот пред нацијата, во услови на ескалирање на тензиите со Техеран, јави ДПА, пренесе МИА.
„Веќе е готово, ние ги зголемивме санкциите“, кажа Трамп на настан во Белата куќа, без да дава други детали.
-Тие и досега беа многу сериозни, но сега значително се зголемија. Предмалку ги одобрив санкциите заедно со Министерството за финансии, кажа тој, додавајќи дека Белата куќа ќе даде дополнително соопштение, пренесе ДПА.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјавил и дека го поддржува ширењето на НАТО и на земјите од Блискиот исток, во момент кога САД бараат начини да го намалат присуството на своите трупи распоредени низ целиот свет.
– Мислам дека НАТО треба да се прошири и апсолутно да се вклучи Блискиот исток, рече Трамп пред новинарите во Белата куќа.
Трамп вчера предложи поголемо присуство на НАТО на Блискиот исток, по нападот на воените бази во Иран што ги користат американски војници.