ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Обраќање на Задорожњук: Застрелано цело семејство со три деца, родителите и едно од децата починаа

Во 21 век, постојана членка на Советот за безбедност на ООН врши геноцид врз соседна земја. На Русија итно и го одземаат правото да биде домаќин на сите спортски настани, дури и оние кои се планирани за наредните месеци. Дури и на такви настани од големи размери како финалето на Лигата на шампионите во мај и Светското првенство во шах во лето. Европските клубови одбиваат да го рекламираат „Гаспром“ и другите руски гиганти. Додека руските олигарси, кои поседуваат светски познати клубови како Челзи, се приморани да се откажат од својата сопственост.

February 27, 2022 14:31
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Четврти ден по ред Украина продолжува херојски да ја брани својата земја и да се спротивставува на неколкукратно поголемата армија на непријателот. Пресметката на рускиот режим да ја земе Украина за 6 часа и Киев за 2 часа не се оствари. Стоиме и ќе стоиме до крај. Руските окупациски сили изведуваат моќни артилериски, воздушни и ракетни напади врз Украина, низ целата територија на Украина. Удираат по критичната инфраструктура – руските окупатори разнесоа гасовод во Харков, напаѓаат цивили. Во близина на Нова Каховка, руските нелуѓе застрелаа автомобил, во кој патуваше семејство, при тоа убивајќи пет лица, меѓу кои две деца, тенкови на Русија пукаа врз цивилен автобус, вели украинската амбасадорка во Северна Македонија, Наталија Задорожњук.

„Диверзантска група застрела цело семејство со три деца. Родителите и едно од децата починаа. Другите две деца се во болница со тешки повреди. Тоа се случи на улицата Олена Телига, во близина на Бабин Јар, каде што пред 80 години нацистите убиваа цели семејства, вклучително и мали деца. 

Во 21 век, постојана членка на Советот за безбедност на ООН врши геноцид врз соседна земја.

Вкупните загуби на руската армија во текот на трите дена од нејзината инвазија на Украина достигнаа 4.300 војници.

Додека украинските Вооружени Сили и граѓаните низ целата земја, кои се обединија во локални територијални одбрани, прават вистински подвизи секој час – ја бранат Украина од напредувањето на трупите на агресорот, уништуваат руски борбени единици и ги враќаат заробените градови, села и стратешки точки – во светот се случува уште една војна со агресор.

Ова е дипломатската војна.

И во неа Русија има просто невиден, неверојатен пораз.

Постапките на Путин ги одвратија од него дури и неговите најлојални сојузници во Европа. Не се работи само за Европа. Се создава јаз меѓу Русија и светот.

Му благодариме на целиот свет за вистинската практична помош. Санкциите се исклучително строги, благодариме за оружјето, благодариме за сите рестриктивни мерки, затворањето на небото за руските авиони и воздушната комуникација со земјата окупатор.

Русија е во изолација. Постои цивилизираниот свет и постои Русија, земјата агресор, која врши геноцид врз соседниот народ.

Би сакала да ги цитирам зборовите на познатиот руски економист Владислав Иноземцев, кој рече:

Западот, се разбира, требаше да биде порешителен и да ги воведе сите денешни санкции уште во деновите на окупацијата на Крим. Тогаш немаше да има војна во Донбас, ни несреќни жртви на MH17, ни сегашната срамна страница во руската историја. А, можеби, дури ни В.Путин …

Русија од држава која се стремеше кон светско лидерство, се претвори во држава отпадник.

На Русија итно и го одземаат правото да биде домаќин на сите спортски настани, дури и оние кои се планирани за наредните месеци. Дури и на такви настани од големи размери како финалето на Лигата на шампионите во мај и Светското првенство во шах во лето. Европските клубови одбиваат да го рекламираат „Гаспром“ и другите руски гиганти. Додека руските олигарси, кои поседуваат светски познати клубови како Челзи, се приморани да се откажат од својата сопственост.

Сето ова за Русија и за Путин е неверојатно понижување. 

А следи уште една битка од не помали размери. Ова е битката за ООН. Украина иницира исфрлање на Русија од Советот за безбедност на ООН, каде што Москва беше запишана во 1992 година, со кршење на правилата и статутот на организацијата.

ООН се најде на работ на колапс. Бидејќи постојана членка на Советот за безбедност на ООН врши отворена, апсолутно непредизвикана и однапред подготвена агресија врз соседна држава, ја уништува суштината на организацијата.

За крај, денеска во 15 часот (македонско време) ќе се одржи брифинг на Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба за странските новинари. 

Ги повикувам македонските новинари да се приклучат, па дури и оние кои продолжуваат да ги информираат своите читатели, користејќи руски извори.

Против Украина моментално се води не само реална војна туку и информациска“, вели амбасадорката Задорожњук во видео обраќањето. 

Next Post

Борел предлага ЕУ да го финансира купувањето оружје за украинската армија

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk