На нашиве телевизии: ред турбо, ред евтини серии, ред емисии со лошо облечени водителки чии реченици имаат нелогична синтакса и грубост, претенциозна недоделканост, наплив од апотеози на незаслужни…
Тешко ми падна за нашите деца, изложени на толку голем невкус, уличен јазик и карачки тон на вестите, на вештачки интонации од сериите… на пукотници со кои се изразува радост, на страшно лоша музика-имитација…. Како ќе знаат што е вистинска убавина, идеал и човек што светка од срдечност, од живеење на човечките вредности? Што да ви кажам, грутка во плексусот.
Образовни емисии може да се позајмат и да се преведат, ако веќе нема наши. Ќе изгледаш емисија за Малер или Тарковски и веднаш светот е подрагоцен.