ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ВМРО ќе ја продава белата палата

March 10, 2022 12:37
in ZOOM IN, АХА!, ДЕНЕС
Фотомонтажа: РИБАРО

Фотомонтажа: РИБАРО

Share on FacebookShare on Twitter

РИБАРО

ВМРО-ДПМНЕ ќе го продаваат своето партиско седиште олицетворено во „велелепниот“ ново-барокен објект познат како бела палата, информираат вмровските извори за АХА.

Парите од продажбата, како што велат изворите на АХА, Мицкоски планирал да ги донира на граѓаните од општините каде победија вмровските градоначалници и кои се погодени од бранот поскапувања предизвикани од руската инвазија врз Украина и светските мешетарења со цената на горивата и енергенсите.

– Кога може Роман Абрамович да го продаде Челзи, што па да не можам јас божем да ја продадам белава палата, рекол Мицкоски во своето обраќање пред партиските колеги.

– Шефе извинете, ама знаете, Абрамович е…

– Што е Абрамович, ајде да те чујам?! Сакаш да кажеш дека не можам да се мерам со него?

– Не, ама…

Нема ама. Мора да му парираме некако на Ковачевски и мерките за олеснување што ги предлагаат. Нè уби во поим со оние 26 мерки за помош на граѓаните и компаниите, во вредност од 400 милиони евра, со кои ќе се ублажуваат последиците од економската криза. Ќе се намалува цената на горивата преку намалени акцизи и ДДВ, а најранливите категории граѓани ќе добијат субвенции. Се укинува ДДВ за лебот, шеќерот, брашното тип 400, зејтинот, трајното млеко, свежото месо, оризот и јајцата. Ќе се замрзнат и маржите за основните прехранбени производи и ќе се укинат царинските давачки за.. што ти јас знам колку производи. Поконкретно од ова здравје!

Како ние јадни да одговориме на ова, а?

Кој му го одобри соопштението вчера на Трајко?  Пелтечи таму пред камери, као не биле јасни мерките на Владата? А бе, ни се смеат сите! Што ќе правиме утре во Парламент кога ќе треба да се гласаат меркиве? Нема да кренеме рака?

Мора да одиме со нешто популистички. Ќе кажеме дека ја продаваме палатата. Мора да замајуваме јавност дека мислиме на народот, рекол Мицкоски пред своите сопартијци видно возбуден од својата досетка.

Заев е крив! Ковачевски е крив за светската економска криза и војната во Украина! Продажбата на нашата љубена палата, е мерката која ја презема патриотското вмро во знак на револт поради немањето осет на владата за проблемите на граѓаните. Мицкоски како докажан добродетел и ВМРО-ДПМНЕ како најблагородна семакедонска народна партија што се покаја за поренашните гревови – за мега кражбата од 700 милиони евра пари на граѓаните за Скопје 2014, мора да ја преземе одговорноста за овој напатен и ограбен народ. Ќе се оградиме и од Груевски, ако треба се разбира…, ете ова е говорот што треба да го спремите, им се обратил Мицкоски на своите пред да ја напушти салата за состаноци.

– Шефе, како тоа мислиш ќе се откажеме од Груевски, ако треба?

– Па исто како што као ќе ја продадеме палатава бе неранимајко, му врати Мицкоски на партискиот колега.


Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK

Next Post

Трајко Славевски не го гледа интересот на граѓаните, антикризните мерки му се комплицирани

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk