ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Хакирана страницата на Централниот регистар, фрчат закани и обвинувања

Од синоќа ФБ страницата на Централен регистар е под напад, а во јавноста се шпекулира дека напаѓачот е вработен во Централниот регистар, Емил Јакимовски, кој изминатите денови е во центарот на вниманието со заканите кои ги упати до новинарката Мери Јордановска и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

January 12, 2020 13:42
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Од синоќа ФБ страницата на Централен регистар е под напад, а во јавноста се шпекулира дека напаѓачот е вработен во Централниот регистар, Емил Јакимовски, кој изминатите денови е во центарот на вниманието со заканите кои ги упати до новинарката Мери Јордановска и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Од утрово на официјалната страница на институцијата осамнуваат објави со скандалозни содржини против актуелната директорка Марија Бошковска Јанковски.

Дека се работи за истата личност, сугерира и првиот човек на Централниот регистар, објаснувајќи дека токму Јакимовски ја креирал оваа страница пред десеттина години кога бил раководител на Одделението за маркетинг и односи со јавност.

„Почитувани, сакаме да Ве информираме дека фан страната на социјалната мрежа Фејсбук на Централен регистар на Република Северна Македонија е хакирана. Затоа Ве молиме објавите кои ќе бидат постирани од таа страна да ги игнорирате, бидејќи содржините на истата не се став на Централен регистар на Република Северна Македонија. Во моментот се изработува нова фан страна за која медиумите и јавноста дополнително ќе бидат известени. Воедно страницата е искреирана уште пред 10 години од лицето Емил Јакимовски во времето кога тој бил раководител на Одделението за маркетинг и односи со јавност. Централен регистар на Република Северна Македонија се сомнева дека ова лице стои зад постовите кои се појавија на фан страната на социјалната мрежа Фејсбук во изминатото деноноќие. Овој случај исто така ќе биде пријавен до секторот за компјутерски криминал при МВР и воедно упатуваме апел истражните органи да го испитаат“, пишува директорката Бошковска Јанковски.

Симптоматично е и тоа што објавувањето на овие содржини на страницата се случуваат еден ден подоцна, откако директорката на Централниот регистар најави дисциплинска мерка против вработениот Јакимовски.

,,Централниот регистар на Република Северна Македонија најостро ги осудува заканите на вработениот Емил Јакимовски преку Интернет врз новинарката и заменик-уредникот на А1он Мери Јордановска. Сакаме да истакнеме дека поради нарушување на работниот ред и дисциплина, како и закани кон вработени во Централниот регистар на Република Северна Македонија против Емил Јакимовски веќе е отворена дисциплинска постапка. Комисијата се уште нема одлука, бидејќи вработениот Емил Јакимовски веќе неколку месеци е на боледување. Исто така во изминатиот период во МВР има повеќе пријави од вработени во Централниот регистар поради закани од истото лице. Меѓу пријавите поднесени во МВР е и пријавата поднесена од мене лично како директор на Централен регистар Република Северна Македонија ,каде во изминатиот период сум мета на постојани напади и закани од Емил Јакимовски“, реагираше вчера директорката.

Во моментов на страницата постојано се објавуваат недолични содржини против директорката, но и други вработени во институцијата. Работата оди до таму што се навредуваат и се упатуваат закани и сексистички пораки кон граѓаните кои ја следат оваа фејсбук страница и кои коментираат на објавите.

Таков е случајот со заканите упатени кон една поранешна соработничка на ЦИВИЛ.

Потсетуваме, ЦИВИЛ остро ги осудува заканите упатени од страна на Емил Јакимовски. Воедно го повикуваме Министерството за внатрешни работи, како и секторот за компјутерски криминал веднаш да се зафатат со овој случај!

М. Ивановска/ ЦИВИЛ

Next Post

Гласот на младите: Сенада Сали, мастер по меѓународно и по уставно право

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk

ПРВА ЛИНИЈА