ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Џафери: Потребен солиден и конзистентен механизам за проценка на влијанијата од предлог законите врз родот и различностите

March 17, 2022 20:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во иднина, треба да се насочиме кон градењето на солиден и конзистентен механизам за проценка на влијанијата од предлог законите врз родот и различностите, на подобрувањето на механизмите за инклузивно учество на јавноста и обезбедувањето ресурси за постојните тела во чиј делокруг е вршењето на таквата проценка, истакна претседателот на Собранието, Талат Џафери на Работилницата за финализација на Планот на активности за унапредување на родовата сензитивност, која се одржува во Маврово во организација на Комисијата за еднакви можности на жените, мажите и Клубот на пратенички и Мисијата на ОБСЕ.

– Се надевам дека овој План на активности ќе има влијание врз постигнување на согласност за составот на работните тела да го отсликува составот на Собранието, а Кодексот за етичко однесување на пратениците, Законот за заштита од вознемирување на работното место и Законот за спречување и заштита од дискриминација ќе бидат доволни за постапување по приговори и наоѓање формула за ефективно решавање на истите во рамките на институцијата, ако има потреба, и да се зајакнат одредбите. Може да се размисли и во насока на матичноста на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и истата да не се гледа само како матично тело за спроведување на Законот за еднакви можности, туку на целиот дијапазон што ги опфаќа родовите прашања. Се разбира, потребна е зајакната кадровска екипираност со посветени службеници на ова прашање, рече Џафери.

Јас сум убеден, посочи спикерот Џафери, дека, имајќи ја предвид сериозната посветеност на сите присутни колешки тука, меѓутоа и на партнерските организации и нивната сестрана ангажираност, ќе се добие финален План на активности кој ќе даде решенија со кои можат да се надминат дел од реалните ситуации во областа на родовата сензитивност во законодавниот дом, при што, се разбира мислам на Планот како добра основа која сепак за жал, зависи од тоа колку ќе имаме услови за нормално функционирање на законодавниот дом.

– Иако, имајќи предвид дека Република Северна Македонија, има воспоставено цврста рамка за унапредување на родовата еднаквост во јавното и политичкото живеење и е дел од сите важни меѓународни политики за родовите прашања како што е Конвенцијата на Обединетите нации за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените, па Пекиншката платформа за акција на Обединетите нации, Конвенцијата на Советот на Европа за заштита на човековите права и основни слободи и Истанбулската конвенција за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство, би требало да е јасно дека прокламираната волја за спроведување реформи со цел јакнење на парламентарната демократија и унапредувањето на родовата сензитивност постои и е едногласна, сепак живееме во прилично турбулентни времиња, со политичко безбедносни услови кои се менуваат од ден во ден, без при тоа да ја занемариме пандемиската криза која го обременува нормалното функционирање и на законодавниот дом веќе подолго време, рече тој.

Според Џафери, дека постои волја, потврдува и ОДИХР, Канцеларијата за демократски институции и човекови права при ОБСЕ, која ги признава реалните заложби и значителните достигнувања за обезбедување на родова еднаквост и со закон и во пракса. Меѓутоа, како што посочува, сепак е потребно и понатамошно подобрување на Деловникот и Законот за Собранието, за да се зајакне правната основа за промовирање на различностите во работата во Собранието како работно место, потоа во законите коишто ги донесува Собранието, и во поддршката на пратениците за прашањата за родот и различностите, за да можеме да имаме вистински модерен и родово сензитивен парламент, кој според дефинирањето на Интер-парламентарнатa унија, e оној кој ги задоволува потребите и интересите и на мажите и на жените во рамките на својот состав, структури, постапки и методи на работа.

– Ги отстранува пречките, било да се структурни, суштински или културолошки за целосно учество на жените и дава позитивен пример за општеството во насока на родовата еднаквост и охрабрувањето на жените на национално и меѓународно ниво. Тоа не е само место каде жените можат да работат туку и место каде што сакаат да работат. Има огромна разлика помеѓу овие два поими, затоа што кога работата е задоволство, тогаш имаме подобри резултати, односно поефикасен, поефективен и полегитимен парламент, задоволни вработени, следствено, и среќни семејства, посочил спикерот Џафери.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Фото: Andrew Harnik / POOL / AFP

Блинкен: Русија со нападите врз цивилите во Украина изврши воени злосторства

НАЈНОВО

Демант на Спасовски: Никогаш не сум спречил контрола, ДПМНЕ во очаен обид да ја прикрие вистината за Кочани

October 12, 2025

(ВИДЕО) Герасимовски: Срамно, намерно се остава смет покрај празни контејнери за црна кампања, но ќе исчистиме

October 12, 2025
Фото скриншот

Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk