Вербални закани кон екипата на ЦИВИЛ на протестот против промената на името, која беше и единствениот медиум на терен што известуваше од пред законодавниот дом.
Во моментот кога еден од нашите соговорници, Драган Угриновски застана пред камерата, зад него се наредија уште неколкумина негови поддржувачи.
Иако замоливме во текот на разговорот да нема дофрлувања од страна, неочекувано, добивме одговор: „Бате, седи раат, ако не сакаш да завршиш на КАРИЛ.“
извор: ЦИВИЛ