ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Поголем одѕив за вакцинација во фокусот на надлежните, во земјава 2016 активни КОВИД-случаи

March 20, 2022 09:22
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Активни КОВИД-случаи во земјава има 2016, над половината (1087) се во Скопје, а трицифрени бројки сега имаат само Прилеп (144) и Битола (129). Во вкупниот број активни се и новите 273 потврдени случаи во вчерашната статистика на Институтот за јавно здравје. Претстојнава седмица се очекува Главниот кризен штаб да ги одобри новите препораки на Комисијата за заразни болести, а Владата на седница да ги усвои.

Комисијата препорача учениците од основните училишта да бидат ослободени од задолжително носење заштитни маски, а мерката да остане да важи за наставниците и техничкиот персонал.

Покрај ова,  на состанок во средата Комисијата препорача и капацитетот на исполнетост на затворени објекти, како опери, театри и кина, да се зголеми од 50 на 75 проценти и да се укинат сертификатите за престој во отворениот дел од угостителските објекти.

Од Комисијата за заразни болести соопштија дека мерките ќе се олабавуваат или заоструваат во зависност од епидемиолошката состојба и доколку таа се влоши и се зголеми ризикот, може повторно во сила да се вратат истите мерки.

Фокусот е на вакцинирањето и нејзино рекламирање, како најдобар начин и клучна алатка за справување со пандемијата. Според претседателот на КЗБ, д-р Александар Петличковски, дава резултати праќањето СМС-пораки до граѓаните со кои тие се  потсетуваат за корисноста од вакцината и затоа, рече тој, на тоа ќе се насочат интензивно – најпрво кон луѓето што се во поголем ризик, а потоа и кон сите што примиле втора доза доколку оттогаш поминало подолго време.

– Во моментот стандард за најдобра заштита е три дози на вакцина и тоа интензивно, интензивно ќе го објаснуваме, истакна Петличковски.

Од утре ќе почне и карванот за антиковид-вакцинација кој до 3 април ќе помине во 14 општини и населени места: Шуто Оризари, Кратово, Радовиш, Струмица, Ново Село, Скопје (пред Ист гејт мол), Куманово, село Матејче во Липково, Арачиново, село Сандево во Чучер Сандево, Зелениково, село Неготино во Врапчиште, Кичево и Струга.

Карванот ќе  го организира Министерството за здравство со поддршка од Светската здравствена организација, УСАИД и УНИЦЕФ.

Четири часа во денот (од 11 до 15 часот или од 12 до 16 часот) на плоштади, пазари, домови на културата во овие локални заедници граѓаните ќе имаат можност да се вакцинираат и да се информираат за придобивките од имунизацијата против КОВИД-19. Оние што се вакцинирани во странство, пак, на локациите ќе може да се евидентираат во системот „МојТермин“.

Покрај карванот за вакцинација, кој ќе биде активен во наредните две недели, граѓаните имаат можност секој ден да се вакцинираат во здравствените домови низ државава. Министерството за здравство соопшти дека  располагаат со доволно количини вакцини и нагласува дека тие се безбедни и се најефикасна заштита од заболување, развивање тешка форма на болеста, хоспитализација и смрт.

извор: МИА
Next Post

Пендаровски за Денот на Франкофонијата: Пламените јазици на војната да ги замениме со јазикот на дипломатијата, уметноста и љубовта

Shortcut

Најново

Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk