ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

ПОЦ: Скопски пазар да обезбеди паркинг на дел од својата парцела

Од претпријатието сметаат дека решението на проблемот треба да се бара во „Скопски Пазар“ кој треба да обезбеди дел од својата парцела која ќе биде наменета за потребите на своите закупци на тезги, а не, како што велат, решението да се бара во злоупотреба на јавна површина со цел да се задоволат потребите на еден приватен бизнис.

January 13, 2020 13:00
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар” во денешното соопштение изрази жалење за незадоволството кое денеска преку штрајк го манифестираа пазарџиите, сопственици на тезги на „Зелен Пазар“ во Општина Центар и апелира до нив да ги прифатат новите мерки за решавање на проблемот со паркирањето на паркиралиштето „Аутомакедонија“ како единствено добро за сите засегнати страни, особено за жителите.

Од претпријатието посочуваат дека затвореното паркиралиште „Аутомакедонија“ кое се наоѓа во непосредна близина на „Зелен Пазар“ со години наназад е преоптоварено и злоупотребувано од луѓето кои работат таму.

– Изминатиов период, ЈП ПОЦ воведе неколку мерки за решавање на овој проблем односно постави нов систем за препознавање на регистарски таблички, систем со двојни рампи за контрола на пристап на возила и како последна мерка, ги зголеми цените за еден час паркирање за да им овозможи на жителите полесен и побезбеден пристап до нивните домови. Со поставувањето на ANPR камерите претпријатието има многу поголема контрола на злоупотребите кои се вршат на ова паркиралиште, се вели во соопштението од ПОЦ.

Имено, се додава во соопштението, пазарџиите кои редовно секоја година добиваа повластена паркинг карта за вработени во деловен субјект и картичка за влез за нивните автомобили, тие истите ги користеа за тешки товарни возила за кои претпријатието, согласно Одлуката на Општина Центар каде што е дозволено товарните возила да вршат дотур на роба до 7 часот, веќе им овозможи бесплатен дотур на роба од 5 до 7 часот на ова паркиралиште. Затоа, наведуваат, ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ ќе ги раскине договорите за паркинг на сите оние кои ќе вршат ваков тип на злоупотреба.

Од претпријатието сметаат дека решението на проблемот треба да се бара во „Скопски Пазар“ кој треба да обезбеди дел од својата парцела која ќе биде наменета за потребите на своите закупци на тезги, а не, како што велат, решението да се бара во злоупотреба на јавна површина со цел да се задоволат потребите на еден приватен бизнис.

– Со воведувањето на овие мерки ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе стави крај на неправилностите кои се случуваа години наназад и ќе направи ред во паркирањето давајќи приоритет на жителите кои живеат во опфатот на паркиралиштето „Аутомакедонија“ кои заради сите овие злоупотреби не можат да го користат паркиралиштето во близина на своите домови бидејќи секојдневно се соочуваат со неподнослив проблем со паркирањето, стои во соопштението.

Next Post

Повторно одложена комисиската расправа за законот за поништување на лустрацијата

Shortcut

Најново

Анаис. Илустрација Фронтлајн

Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

May 31, 2026
Илустрација Фронтлајн

Експериментален лек го удвојува преживувањето кај пациентите со рак на панкреасот

May 31, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај: Очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари

May 31, 2026

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

May 31, 2026

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп-Битола оди со одлично темпо, првите километри ќе бидат готови следната пролет

May 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн

    Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk