ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нов еколошки систем за греење и ладење во градинката „Пролет“ во Влае

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев истакна дека заштедите на објектот ќе се движат од 55 до 65 отсто во однос на досегашниот систем на греење со нафта.

January 13, 2020 13:16
in ЗЕЛЕНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Градинката „Пролет“ во скопската населба Влае почна да користи нов, еколошки систем на греење и ладење, преку користење термални пумпи кои работат на системот „воздух-вода“, информира Општина Карпош.

– Со промената на системот на греење и напуштањето на нафтата, драстично ќе се намали нивото на ПМ10 честички во воздухот и емисијата на штетни гасови. Промената обезбедува замена на 14 тони нафта на годишно ниво со обновлив извор на енергија што ќе значи 11 килограми помалку присуство на ПМ10 честички и намалена емисија на јаглерод диоксид во воздухот, се наведува во соопштението.

По тој повод градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев истакна дека заштедите на објектот ќе се движат од 55 до 65 отсто во однос на досегашниот систем на греење со нафта.

– Предвидено е и автоматско управување и контрола на системот, кој ќе користи евтина ноќна тарифа, а во летниот период истиот ќе се користи и за ладење, со што ќе се заштеди струја од системот на инвертери, што сега се користат во просториите на градинката, рече Богоев.

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, кој присуствуваше на настанот, оцени дека елиминирањето на изворите на загадување и промената на системите за загревање на јавните установи и институции е еден од клучните предуслови за почист воздух и системско решавање на проблемот со аерозагадување.

Тој посочи дека со денешната промена на начинот на греење на градинката „Пролет“, всушност, се спречува загадување како од 30 куќи, домаќинства, кои се греат на нееколошки начин.

 

Општина Карпош со поддршка од ресорното Министерство го отстрани и последниот потенцијален загадувач во урбаното јадро, имајќи предвид дека сите други градинки се приклучени на централниот систем на греење.

Оваа инвестиција е во вредност од 55.000 евра, а локалната самоуправа аплицираше и доби грант, доделен од Владата за активности во рамки на Планот за чист воздух.

Во изминатиот период, во рамки на Планот беа променети и прозорците и вратите на градинката „Мајски цвет“ во УЗ Владо Тасевски (Млечен), со цел да се подобри енергетската ефикасност на објектот и да се заштедат средства за електрична енергија.

Next Post

Еден од тројца обвинети призна дека учествувал во убиството на новинарот Куцијак

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk

ПРВА ЛИНИЈА