Еден од тројцата обвинети за убиството на словачкиот новинар Јан Куцијак и неговата свршеница, денеска пред судот призна дека учествувал во негово убиство.
Обвинетиот Мирослав Марчак призна дека учествувал во убиството, додека двајцата други обвинети, меѓу кои и бизнисменот Мариан Коцнер, кој се товари дека го нарачал убиството, не признаваат вина, пренесе Ројтерс.
На денешното судење, четвртиот обвинет не се изјаснил за вина.
Според словачкиот државен обвинител, Мариан К. го нарачал убиството на Куцијак поради негови текстови во кои пишувал за сомнителните активности на бизнисменот, поради што наредил на еден од обвинетите да го киднапира и да го убие новинарот, пренесе словачката ТАСР,
Мариан при тоа дал информации за движењето на Куцијак и негови фотографии по што е контактиран третиот обвинет за да го организира убиството, а за тоа му се ветени 70.000 евра.
Убиството на Куцијак предизвика голем шок и внимание во јавноста во Словачка и пошироко.