ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Кој е незадоволен од резултатите на Пописот

Покрај пофалбите за успешно спроведен Попис 2021, набргу по објавувањето на резултатите, исплива и незадоволство за евентуален фалсификат кај одредени етникуми, политички партии, верски групи и поединици.

March 31, 2022 12:08
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Покрај пофалбите за успешно спроведен Попис 2021, набргу по објавувањето на резултатите кај одредени етникуми, политички партии, верски групи и поединици исплива и незадоволство за евентуален фалсификат. Секој со свои причини, објаснувања и аргументи.

Незадоволство кај политички партии и заедници

Од политичката партија Алијанса за Албанците, по објавувањето на резултатите од пописот соопштија дека имаат сомнежи за веродостојноста на овој процес во два сегмента.

„На прв поглед ги изразуваме нашите резерви во веродостојноста на овој процес, особено во два сегмента. Над 132.000 граѓани се импутирани и не попишани на терен, додека ние сметаме дека бројот од околу 260.000 грѓани кои што живета надвор не соодвествува со реалноста и со публикуваните податоци до сега од страна на меѓународните организации. Овие две точки создаваат големи дилеми околу тоа како е извршен Попиот на овие граѓани, дали се опфатени сите граѓани или пак е извршена некоја селекција“, изјави Халил Снопче, пратеник од Алијанса за Албанците.

Според нив, не може да се вреднува како веродостоен Попис каде што околу 8.5% од вкупното население, и на резидентното население, не им се знае националната припадност. Исто така, за АА не е веродостоен и бројот од околу 12% на граѓани во дијаспората.

Меѓу првите се пожали лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој смета дека пописот  е некомплетен и најави дека веднаш штом се промени власта, ќе биде спроведена нова, реална, статистичка операција.Антонијо Милошоски од опозициската ВМРО-ДПМНЕ рече дека пописот е некомплетен со оглед на тоа што 7,2 отсто од жителите на Македонија, односно над 132 илјади луѓе, останале неизјаснети

„Од почетокот имавме многу забелешки за оваа статистичка операција, но оној заклучок кој што можеме да го кажеме покрај фактот дека таа е некомплетна е дека огромно мнозинство, повеќе од 90 проценти од тие кои што се неизјаснети се дел од македонскиот народ според општините каде што тие се наоѓаат,  рече Мицкоски.

Од ВМРО-ДПМНЕ напоменаа дека тие повикале на попишување, а не на бојкотирање, а штетата од повиците за бојкот според нив може да се забележи и по резултатите од  пописот, кои според нив, е на директна штета на Македонците.

Според изјавата на Борис Крмов од Левица, попсот бил фингиран. Тој рече дека станувало збор политичка операција изведена под палка на ДУИ, а одобрена од СДСМ.

„Имавме попис на дијаспора, што не е случај во ниту една држава, имавме попишување со само давање н матичен број, што ги крши сите меѓународни стандарди. Имавме ситуација да може трети лица да даваат лични податоци што е забрането со меѓународни конвенции кои што Република Македонија ги има ратификувано. Имаме ситуација документи за идентификација да бидат насловени како ‘соодветни документи’, значи намерно не се прецизирани за да може да имаме манупулации. И на крај секако, врзаниот потпис на заменик директорот на ДУИ, за да може да ги добиеме овие, би ги нарекол, буквално фалсификувани и штелувани резултати кои што ги добивме“, рече Крмов.

И за Турската заедница во Македонија резултатите се нереални и истите не ги признаваат. Според нив, направени се сериозни пропусти во просецот на попишување, прекршени се Уставот и бројни прописи, а многу граѓани не се попишани,

„За жал овој Попис ќе се памети како занемарен од надлежните институции со многу неодговорени прашања и игнорирање на нашите барање. Од горенаведеното може да се заклучи дека се повредени правата на турскиот народ кој е еден од државнотворните народи на РСМ и еднаков со другите, велат од Националното координативно тело за пописот на турскиот народ во земјава.

Според Демократскиот сојуз сметаат дека резултатите од Пописот не се одраз на реалноста, тој е неуспешен и за тоа треба да се бараат причините и одговорноста. Според нив, многу фактори влијаеле да не успее пописот: деструкцијата и повикот за бојкот на некои партии, лошите подготовки, методологијата за спроведување на пописот, партизацијата, слабата обука на попишувачите, отсуството на контрола и сл. Предлагаат да се направат дополнителни вкрстувања и проверки на податоците, а за нерезидентното население (иселеници) да се спроведе дополнителен попис, пренесе МИА.

Ромската невладина организација Аваја соопшти дека Ромите нема да ги признаат резултатите од пописот кој го сметаат за невалиден. Според нив, во земјава има околу 100.000 Роми, а пописот покажал дека има 46.000.

„Според нашите проценки, базирани на официјалните државни податоци, од 2002 година до 2020 година вкупниот број на родени Роми изнесува 32.000 Роми, додека бројката на умрени изнесува 8,500. Според овие податоци, природниот прираст изнесува околу 24.000 Роми. Споредбено со другите заедници, без етничките Албанци, Ромите имаат најголем експоненцијален природен прираст“, се наведува во реакцијата на Аваја.

По објавувањето на резултатите од Пописот 2021, заменик-директорот Иљми Селами кој приствувуаше и говореше на објавувањето на резултатите, на ТВ21 рече дека во Северна Македонија реално има 31 % Албанци.

Бошњачки демократски сојуз (БДС) исто изрази сомнеж за регуларноста на резултатите од пописот.

„Бошњачки демократски сојуз како политичка партија и на почетокот на процесот на попишување изрази сомнеж во исправноста на самиот процес и одредени неправилности. За жал нашите претпоставки се испоставија точни. Податоците од пописот за нас се неприфатливи затоа што постојано работиме на терен и ја знаеме реалната фактичка состојба. Нашата примедба е во пристапот на попишување. Имено, имаме лични сведоштва на граѓани кои биле попишувани според претпоставки за нивната етничка и верска припадност. Притоа, граѓаните, немаа можност во исто време да направат увид во внесените податоци. Ништо помалку важна не е ниту забелешката за отежнатиот процес на попишување на дијаспората. Добивме забелешки за бројни технички проблеми со апликацијата при попишување, поради што уверени сме и тврдиме дека бројот на Бошњаци кои живеат надвор од територијата на Р.С.Македонија е далеку поголем“, се вели во соопштението од БДС.

И од партијата на Солза Грчева, Глас за Македонија велат дека пописот не е валиден.

„Прво, како да се верува во попис чии резултати се објавуваат со фанфари пред целиот политички врв, во присуство на заинтересираните амбасадори?Второ, како да се верува во попис каде бројот на вкупното резидентно попишано населенеие соодветствува на бројот во избирачкиот список? Трето и најважно, албанските партии кои се сега презадоволни од резултатите, уште пред пописот лицитираа со проценти и јавно ги кажуваа своите желби, па така некои од нив јавно декларираа дека нема да ги признаат резултатите ако се Албанците под 25%, 30% итн. Со тоа процесот беше веќе компромитиран однапред.  Таквата недоверба натера бројно население да не верува во методологијата, која за многу стручни луѓе беше спорна“, велат од  Глас за Македонија.

Од Единствена Македонија  велат дека станува збор за фалсификуваниот попис со кој се руши темелот на државата.

Од Националниот Блок „Не отворам врата“, пак велат дека не го признават, според нив, „корумпираниот попис“.

„Нашата анализа на пописот е доставена до амбасадите на членките во Советот за безбедност на ОН“, велат оттаму. 

Рекации од соседството

Според претедателот на бугарската политичка партија „Има таков народ“, Слави Трифонов резултатите од Пописот 2021 сенавредливи. Тој на Фејсбук се пожали дека при објавувањето на резултатите Бугарите воопшто не ни биле споменати и реагира дека според резултатите, само 3. 504 граѓани се изјасниле како Бугари, што според него е како воопшто да нема Бугари.

„Над 100.000 граѓани на Северна Македонија ги докажале своите бугарски корени во Бугарија, а во Северна Македонија се плашат да ги нарекуваат „Бугари“. Зошто во една нормална европска земја, како што тврди Северна Македонија, еден човек би се плашел да каже што е тоа? Затоа што ова не е нормална, европска земја……..  Северна Македонија ќе биде само дел од Западен Балкан, заклучува Трифонов во објавата на Фејсбук.

Резултати од Попис 2021 

Пописот 2021 година беше спроведен од 5 до 30 септември минатата година, а објавувањето на податоците ќе биде сукцесивно, по сетови на податоци, соопштија од Државниот завод за статистика.

Според податоците објавени вчера, во земјава живеат 1.836.713 лица, од кои 58,44 отсто Македонци, 24,3 Албанци, 3,86 Турци, 2,53 Роми, 0,47 Власи, 1,3 Срби и 0,87 Бошњаци, покажуваат податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите, што беше спроведен од 5 до 30 септември 2021 година.

И. Т. Зафировска

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk