ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Премиера на македонскиот документарен филм „Како ја дефинираш ароганцијата?“

March 31, 2022 12:05
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Документарецот на Небојша Илијевски е филм за последиците од делувањето на властите, профитерите, бирократијата врз животите на „малите луѓе”, но и за спознанието за моќта на тој „мал човек” кој е потиснуван од ароганцијата и заробен во своите стравови, мисли, патерни, информираат од продукцијата.

Ароганцијата на која сме изложени во секојдневните животни борби, често придонесува да се загубиме себеси, оневозможувајќи си го потребното внимание и свесност за суштината на животот. Ова е темата на долгометражниот документарен филм „Како ја дефинираш ароганцијата?!“ по сценарио и во режија на Небојша Илијевски кој премиерно ќе биде прикажан утре, петок, 1-ви април 2022 година од 20 часот во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар во Скопје.

Музиката е на Бобан Лазовски, камерата на Бошко Столиќ и на Томислав Георгиев, анимациите на Ратомир Цениќ, колаж артот на Маргарита Василевска, арт директор е Дејан Спасовиќ, а монтажата е на Небојша Илијевски.

Ова е филм за последиците од делувањето на властите, профитерите, бирократијата врз животите на „малите луѓе”, но и за спознанието за моќта на тој „мал човек” кој е потиснуван од ароганцијата и заробен во своите стравови, мисли, патерни. Филмот го освестува потенцијалот да живееш наместо да живуркаш, фокусирајќи се на суштината наместо на формата.

– Без оглед на тоа дали се работи за решеност да се обелодени педофилија во црква знаејќи  ги последиците од таквиот чекор, за допинг скандал кој што ти ја прекинува кариерата или за фактот дека си комплетно невидлив за системот и покрај успесите и вредностите што ги носиш, мудрост е да ги направиш работите што не можеш да не ги направиш, а притоа да не се изгубиш себеси – нагласува авторот Илијевски.

Есецијалната цел на филмот е гледачите да се охрабрат и да се мотивираат да се загледаат во своите лични контексти и да си понудат и пронајдат решенија кои ќе ги вратат кон себеси, кон нештата кои навистина се важни во/за животот, кон вистинскот „јас“.

„Човекот, постојано си ја бара слободата! Но, за жал, само надворешната слобода. Онаа која е

во релација со општествениот систем. Така, тој е определен на борба со општеството, но не и на борба со внатрешната психолошка структура која тој систем практично го искреирала. Значи, вистинскиот радикал се наоѓа внатре! Внатре во нас, а не таму надвор, во рамките на општествениот поредок“ – се вели во една реплика од филмот.

По проекцијата на докуметарниот филм ќе следи и четириесетминутна сесија со главните протагонисти и со авторот во што ќе биде вклучена и публиката, а после премиерата преку плаформата Аrrogance.mk, гледачите ќе имаат можност за интерактивен придонес кон целиот контекст на носење свесност за личната ароганција во однос на сопствените животи.

Продукцијата е на „Холистик филм“, а е поддржан од Агенцијата за филм.

Next Post

Кој е незадоволен од резултатите на Пописот

Shortcut

Најново

Маригона Шабиу, YIHR Косово, воведен збори, Форум на бранителите на човекови права, Приштина, 11 јуни 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Форум на бранителите на човековите права на Западен Балкан во Приштина, во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026

Вистински препарат, точна доза и исправна опрема – пат до квалитетен тутун

June 11, 2026
Фрагмент од насловницата на албумот „Без никого да удриш“ (фото извор: ФБ сттаница на „Алмебик“)

Концерт, винил и документарец: Голема вечер со „Алембик“ во МКЦ

June 10, 2026

СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

June 10, 2026
Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - стара чаршија Скендер Бег

Дневен хороскоп со Анаис за 10 јуни 2026: Финансиска консолидација и цврсти деловни темели

June 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk