Силниот ветер што го зафати Скопје, откорна дел од покривот од зграда во Аеродром, на улица Симеон Кавракиров во близина на маркетот Стокомак. На лице место интервенира противпожарната служба, ги отстранува паднатите делови од лимот и го обезбедува остатокот од покривот од зградата.

Како што сведочат за Фронтлајн локалните жители, од конкретната зграда и друг пат се случувало да испаѓаат лимови од покривот, но досега не се преземени мерки за трајно санирање на покривот.

Oд УХМР, за попладнево се најавува нестабилно време со пороен дожд и грмежи особено во крајните западни и источни делови од државата. Ќе дува и умерен до силен југозападен ветер кој наместа ќе достигне брзина и над 80 километри на час.
Ј. Ѓорѓиоски







