ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи: Луѓе од институции од земјава се јавувале во Бугарија за да не се брза со решение зашто следеле вонредни избори

April 3, 2022 14:40
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Континуирано има обиди Западниот Балкан да не се движи со соодветна динамика кон ЕУ и тоа преку прокси играчи – дали во регионот или нашите држави. Не исклучувам дека и во нашата земја има и ќе има се повеќе. Колку повеќе ќе се зголемат изгледите за изнаоѓање на решение за забрзување на европскиот пат, толку повеќе ќе се најдат вознемирени луѓето коишто цело време работеа оваа перспектива да не се случи, истакна на денешниот брифинг министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Министерот нагласи дека оваа недела луѓе од институции од земјава се јавувале во Бугарија кажувајќи дека не е потребен целиот ангажман затоа што „овде ќе се оди брзо на предвремени избори и дека нема да може ниту да се постигне одредено решение“.

– Сметам дека овие луѓе се на иста линија со оние кои ги коментира премиерот на Бугарија Петков. Луѓе кои ќе се обидат да го задржат отворено прашањето со Бугарија, да го одржат закочен процесот на европска интеграција, за да може овој регион секогаш да биде платформа за некој да го користи за остварување на свои цели. Регионот, земјите членки, ЕУ, Трансатлантскиот сојуз имаат потреба за стратешко лидерство во овој период со цел регионот да се консолидира безбедносно, политички и економски, нагласи Османи.

Тој вели дека не може да каже за кои луѓе или институции станува збор, бидејќи тоа се испитува, но како што нагласи, и кај нас и во Република Бугарија ќе има обиди на т.н. „спојлери“ кои ќе се обидат да го попречат процесот на подобрување на билатералната соработка и деблокирање на европските перспективи.

Според министерот, интерес од блокирање на европската перспектива на регионот имаат само трети страни кои, како што рече, посакуваат Европа да биде ослабната, но оти нема да има таква сила која ќе може да ја попречи волјата на нашите граѓани оваа земја да стане членка на ЕУ.

– Стратешки интерес на Бугарија е да биде предводник на европската перспектива на регионот и регионот да се консолидира во правец на европското членство затоа што проширувањето е пред се безбедносно прашање. Бугарија се наоѓа во овој наш регионот. Безбедноста не завршува на границите на една држава, потенцира Османи.

Во однос на вметнувањето на бугарската заедница во македонскиот Устав, Османи вели дека тешко оти тоа ќе може да се направи пред почетокот на преговорите, но вели дека разговараат со Бугарија дали ќе може тоа да се стори во текот на процесот на преговори или до пред крај на преговорите.

– Ние како држава немаме проблем во имањето исти третман за сите етнички заедници, за внесување не само на бугарската, туку и на останатите, рече Османи.

Прашан дали во преговорите со Софија бараме реципроцитет во однос на говорот на омраза, Османи потенцира дека не само за тоа, туку решенијата кои се разговараат се на база на реципроцитет.

Министерот Османи смета дека има сериозен напредок во политичкиот дел и очекува деновиве да има средба со бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска во Брисел.

Одговарајќи на прашање на што се темели оптимизмот на бугарскиот премиер Петков, Османи смета оти тоа е поради неговото убедување дека ова е стратешки важно и за Бугарија и за нас, но и за регионот и за вкупните геополитички односи.

Османи повтори дека кога ќе има решение кое е прифатливо за двете страни, пред да се стави потпис на кој било документ ќе ги информираат пратениците. Ако не можеме за едно прашање да се договориме, вели Османи, тогаш сите други прашања што ќе ги постигнеме ќе бидат недоволни.

Next Post

Воена церемонија за почетокот на националната теренска вежба „Блесок 22“

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Кој е Зохран Мамдани – новиот градоначалник на Њујорк

November 5, 2025

Книжевна вечер со Фросина Пармаковска во „Спона“

November 5, 2025
Скриншот

Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk