Претседателката на Здружението, докторката Лилија Чолакова Дервишова, која го води и го организира протестот на матичните лекари, месечно добивала 3.600 евра за капитација (3.578 евра).
Фактура со потврда за ова, до нашата редакција доставија извори од приватните лекари, којашто ја објавуваме.
Прашањето е од што е незадоволна Дервишова?
Што во време на криза добива речиси 4.000 евра месечно?
Докторката Лилија Чолакова Дервишова треба да се изјасни за овие фактури и да одговори од што е незадоволна.
Ова фрла голем сомнеж за протестот на матичните лекари. Дали е поради реално незадоволство или многу поизвесно е дека протестот има друга позадина, политичка. Имено, Лилија Чолакова Дервишова е познат член и активист на ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот комитет во Велес.
Позната е во јавноста што поведе иницијатива пред Уставниот суд за оспорување на одлуката за наградување на здравствените работници во борбата со Ковид 19.
Д. Е.