ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: ЕУ да покаже стратешко лидерство за Западен Балкан

April 9, 2022 11:28
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Надеж дека Европската Унија ќе го препознае моментумот за интеграција на Западниот Балкан, исто како што тоа го стори со источноевропските земји, изрази денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи за време на неговото учество на седмиот Економскиот форум Делфи во Грција, прнесува МИА.

– Се надевам дека Европската Унија ќе ја разбере важноста на моментумот и ќе преземе стратешко лидерство за Западниот Балкан, како што го стори тоа во 2000 година кога презеде стратешко лидерство за источноевропските земји и мислам дека руската агресија покажа за жал на најтрагичен начин колку беше важна таа одлука на ЕУ за интегрирање на централноевропските и источноевропските земји, рече Османи.

Шефот на дипломатија, заедно со неговите колеги од Словачка и Косово, Иван Корчок и Доника Гервала-Шварц, дискутираа за „Европа после Украина”, односно за импликациите на војната, а со оглед на тоа што министерот Османи на Форумот во Делфи дојде директно по посетата со тројката од ОБСЕ на полско-украинската граница, при што го сподели искуството, детално ја објасни ситуацијата и ја истакна потребата за итна акција.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, тој објасни дека намерата на посетата била да се испрати порака на поддршка и „Русија да ја запре неоправданата и неиспровцирана војна“.

За ставот на Северна Македонија за руската инвазија во Украина рече дека се приклучивме на санкциите на ЕУ кон Русија и испративме воена и хуманитарна помош, но и ги отворивме границите за украински бегалци.

– Регионот се движи во правилна насока во однос на оваа агресија, истакна шефот на дипломатијата.

Дополнително, тој посочи дека во регионот постои „тројка од земји кандидати за членки на ЕУ” кои се целосно подготвени за почеток на пристапни преговори.

Како што информира МНР, на маргините на Форумот, предвидено е Османи денеска да оствари повеќе билатерални средби со шефови на дипломатии и други истакнати политички личности, меѓу кои и со неговиот грчки колега Никос Дендиас.

Next Post

Ковачевски на Форумот Делфи: Економски развиен Балкан интегриран во ЕУ е врвен приоритет

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk