Крилото на репрезентацијата на ракометната репрезентација на С.Македонија, Дејан Манасков, тешконаоѓаѓе зборови по поразот од Австрија и елиминацијата од Европското првенство, пренесе МИА.
Манасков изјави дека клучот за поразот е многуте лесни топки кои ги добил противникот како и слабата реализација.
– Немавме решение, не бевме подготвени за таа одбрана што ја одиграа денеска. Им дадовме многу топки во раце, имаа шанси за лесни голови, не ги реализиравме нашите шанси, многу едноставно. Тоа е клучот за поразот, изјави кратко по мечот Манасков.