Неодамна, Детскиот фонд на УНИЦЕФ објави видео кое ги расплака Украинците, пренесува Главред.
Во кадарот е дедо кој го штити сонот на бебето во Центарот за бегалци во Запорожје. „Невозможно е да се погледне на ова без солзи. Колку љубов и топлина во рацете се обидуваат да го заштитат бебето од неправедниот свет“, пишуваат корисниците на социјалните мрежи.
Треба да се напомене дека само во првиот месец од војната во Украина, 4,3 милиони деца биле принудени да ги напуштат своите домови, што е повеќе од половина од детската популација во земјата (7,5 милиони).
подготви: Жорж Димовски