пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ
Американскиот претседател Бајден со декрет им дал овластување во Стејт Департментот да го прочешлаат Балканот и врхушките од криминалните структури да ги закачат на црната листа. И, оп! Наш Грујо побегуља и брачед му поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, заедно со нивните семејства, аш бубата, персона нон грата, немет унилазање кај американците. Праќаат америте порака дека со оваа структура не сакаат да имаат работа. Не е тоа невер мор, ама многу тешко се излегува од мајчин список еднаш кога ќе те слистаат америте. Стејт департментот му ја слистал и фирмата на Грујо шо лани ја отвори кај другар му Орбан.
И што велат америте во образложението – зш се за’рчкале со Грујо и бате Саше:
Американската влада се одлучила на ваков чекор како одговор на нивната вмешаност во значителна корупција. Нивните постапки го поткопале владеењето на правото, демократските институции и јавните процеси во двете земји и ја нарушиле довербата на јавноста во владите, се вели во официјалното образложение од Дипартмент оф Стејт оф Ју-Ес-Еј.
Што вели Грујо?
Грујо, драги мои, искрено ме загрижи колку краток статус напиша човекот на Фејсбук.
Пропелтечи нешто: името, странски служби, Сорос, жолти комбиња. Ме неќат, ме кодошат… А што друго да речи кукавичкиот боксач. Таа политичка сподоба си ги остави првите соработници да скапат во затвор, остави семејство да крепе срам место него, па чекаш да смени реторика и понашање. Ѓон е тоа!
Што вели неговиот Мицкоски?
Во рекордно време од 4 месеци општина Кочани го направи потисниот цевковод…“ последно има изглаголено Мицкоски на неговиот Фејсбук профил.
Што говори молкот на Мицкоски?
Зошто Христијан Мицкоски не смогнува снага како лидер на една од најголемите политички партии во Македонија, да се одважи да критикува или аминува, Што ѝ да е. Нека искоментира нешто за да знае народот за каков калибар на човек и политичар утре треба да го даде гласот. Нели, за неговиот доскорешен почесен претседател на партијата е зборот. За одлука на американски Стејт департмент се работи, побогу!
Каде е Мицкоски?