ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Тишина! Мицкоски молчи

April 12, 2022 13:37
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Христијан Мицкоски ја премолчува црната листа на САД на која завршија поранешниот премиер Никола Груевски и ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, поради нивна вмешаност во висока корупција, како што се тврди од американската администрација. Од Стејт департментот истакнуваат дека Груевски бил вмешан во коруптивни дела и злоупотреба на политичко влијание и моќ за лична корист, како и дека ја злоупотребил функцијата со присвојување на државни средства и мешање во изборни процеси со политичка корист за себе и партијата ВМРО ДПМНЕ.

Ваквите тешки обвинувања се лизгав терен за Мицкоски и тој, ако се има предвид и претходното негово однесување, односно неоградување од криминалот на неговите партиски претходници, нема да има став по однос на американското предупредување. Мицкоски по правило секогаш избира да премолчи или да има несоодветен коментар кога станува збор и за Груевски и за криминалот во неговата партија врз кој почивало функционирањето на ВМРО ДПМНЕ и опстојувањето на власт.

Впрочем ова неодамна го потврдија и високите функционери во ВМРО ДПМНЕ и во државната власт, Миле Јанакиевски, Мартин Протуѓер и Гордана Јанкуловска, кои пред судот признаа вина и тоа не во кој било предмет, туку во „Титаник“ досие за изборни нерегуларности или поточно за местење избори. Ако овие високо позиционирани вмровци во владеењето на Груевски јавно изнесуваат дека местеле избори за партијата тогаш во прашање е доведен легитимитетот на власта на Груевски. Ако во „Титаник“ поголем дел од обвинетите признале вина тогаш постои кривично дело, а тоа на Груевски, со оглед дека е во бегство ќе му донесе уште еден затвор, или што би нотирале американците – користел државни средства за местење избори.

Ако на ова се додадат судските процеси за финансиски злоупотреби во партијата опфатени во предметот „Талир“, а кои се однесуваат на 4,5 милиони евра, пари кои на партиската жиро сметка ги пуштале преку уплатници на име на стотици граѓани, а голем дел не ни знаеле дека нивните имиња се користени за ова кривично дело, тогаш јасно е од каде произлегуваат тврдењата на Стејт департментот кога наведуваат корупција и злоупотреба.

Уште повеќе ставот на САД има смисла ако се знае дека една од обвинетите во предметот „Талир“ призна вина дека се уплатувале нелегални пари во ВМРО ДПМНЕ за да се спогоди околу пресудата. Сега во овој предмет се гонат Груевски, Кирил Божиновски, Јанакиевски, Илија Димовски… Што ако, за да си ги олесни процесите, но и за да заврши со помали казни, Јанакиевски признае вина и во овој процес? Тогаш на Груевски му се заканува затворска казна и во овој предмет. Но, и да нема признание уплатниците се силен доказ.

А наскоро судот ќе се изјасни и за предметот „Плацеви на Водно“ каде што судскиот процес полека открива вмешаност на Груевски во матните финансиски дилови. Ова би била третата казна за Груевски, односно четвртата ако се има предвид дека една веќе има поради која избега од државата. Но, без разлика по колку години затвор ќе му одреди судот, со овие предмети се заокружува во целост она што го изнесуваат американците кога го ставаат Груевски на црната листа, дека е вмешан во коруптивни дела, дека злоупотребил политичко влијание и моќ за лична корист, како и тоа дека ја злоупотребил функцијата со присвојување државни средства и мешање во изборни процеси со политичка корист за себе и партијата ВМРО ДПМНЕ.

Затоа Мицкоски нема гласно да изнесе став за Груевски и за неговиот криминал, а уште помалку за признанието вина на неговите партиски претходници. Иако тој добро знае колку има вистина во наводите на американската администрација. Ама оваа вистина му е подобро да ја премолчи, иако е свесен дека нема да се заборави.

Д. Е.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Палестинското Министерство за здравство тврди дека 57 деца во Газа починале од глад

May 13, 2025

Калас: Русија реално не е заинтересирана за мир во Украина

May 13, 2025

Над 60 милиони туристи лани ја посетиле Италија

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Мисија на Марс в година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk