Пазарџиите (Зелен Пазар) денеска трет ден по ред го блокираа центарот на Скопје, со цел да го искажат своето незадоволство поради зголемените цени на паркиралиштето „Аутомакедонија“,пренесува „Слободен печат“.
– Незадоволни сме од тоа што цената на паркинзите е поскапена од 40 на 70 денари на час, Прометот на пазарот е паднат за околу 50 отсто, а нашите месечни билети се поскапени од 800 на 1500 денари. Од ПОЦ како причина за покачувањето на цената на месечните билети го наведоа аерозагадувањето – вели еден од незадовлните пазарџии за „Слободен печат“.
Поради протестите и ова утро беа блокирани улиците во центарот на градот.