ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СДСМ Гевгелија: Невидено фијаско на Општина Гевгелија – одземени ѝ се надлежностите на Општината и на Градоначалникот од МТСП

April 14, 2022 20:30
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Ерозијата на локалниот придонес во развојот на Општината како никогаш до сега започна да се манифестира во мандатниот период на  градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ Андон Сарамандов, велат од ОО на СДСМ Гевгелија во соопштение.

„После 60 години од постоењето на дејноста за згрижување на деца во нашата општина, претставувано од Јавната општинска установа „Детска радост“,  Општина  Гевгелија доживеа невиден преседан и фијаско во своето работење – со решение на Министерството за труд и социјала од 7 април годинава одземени се ингеренциите и надлежностите на Општина Гевгелија и Градоначалникот Сарамандов врз ЈОУ  Детски градинки „Детска радост“.

Со децении наназад, Низа локални претставници, градоначалници, членови на Советот  на Општина Гевгелија – како највисоко тело на локалната самоуправа кај нас, изминатите години со децентрализација на власта го градеа и овозможуваа најдоброто за нашите деце во установите за нивно предшколско згрижување. Наместо напредок, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ  Андон Сарамандов,  со доаѓањето на местото градоначалник на општина Гевгелија, со своите незаконски и  непромислени постапки  дозволи да се посегне по мирот на децата.

На ваквата НЕ одговорност им кумуваа следните неправилности во работењето на Сарамандов:

Поставување на партиски лица во управните и надзорни тела на општинските установи;

Непромислено  партиски-диригирано  работење на надзорното тело во „Детска радост“ Гевгелија, кое доведе до одземање на надлежностите на Општина Гевгелија и на Градоначалникот врз работата на детските градинки во Гевгелија, во сите седум постојни објекти;

Незаконско работење на општинската администрација  која дозволи материјали на установите да се најдат на Дневен ред на Советот на општината без квалификувано дадено мислење од органите на установите.

Заради ваквата партизација на органите за надзор и раководење на општинските установи кои се под пресата на ВМРО-ДПМНЕ и Градоначалникот Сарамандов, Општинската организација на СДСМ Гевгелија и советничката група на СДСМ и коалицијата ќе побараат веднаш смена на неодговорниот надзорен одбор во Детските градинки  во Гевгелија.

СДСМ и коалицијата бараат ревизија на работењето на управните одбори во општинските установи и таму каде на повидок има политички калкулации на штета на обавувањето на дејноста ќе бидат побарани разрешувања и одговорност за ваквите партиски  извршители на ДПМНЕ.

Ред мора да има!  Со нашите деца никој не смее да експериментира!

Нема да дозволиме партиски јавашлук во општинските установи  додека во општината седи  неработникот Сарамандов!“, се вели во соопштението.

За одземените надлежности на Општина Гевгелија и градоначалникот за ЈОУДГ „Детска радост“, директорката на ЈОУДГ „Детска радост“, Елизабета Стоименова, вели дека тоа е дебакл за Општината.

„Како долгогодишен работник во оваа дејност, јас жалам што после 60 години постоење на установата за згрижување и воспитување на деца се случува ваков дебакл за Општината да ги изгуби ингеренците што ги добила со Законот за децентрализација. Наместо прослава на јубилејот на нашата установа, ние бевме принудени да се браниме од тенденциозните опструкции од страна на Советот на Општина Гевгелија“, вели Стоименова.

Директорката истакнува дека и покрај тоа установа под закрила на Министерството за труд и социјална политика, продолжува со својата дејност во интерес на децата.

Next Post

Украинскиот парламент го прогласи за геноцид дејствувањето на руската војска

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk