ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Царовска: Преку социјален дијалог продолжуваме со соработката во интерес на економскиот раст и развој

Во своето обраќање пред присутните Царовска додала дека во изминатите две и пол години се направени исклучително големи чекори во енергетскиот сектор, при што го посочи донесувањето на Законот за енергетика, целосно усогласен со третиот енергетски пакет на Европската Унија, како и Законот за енергетска ефикасност, кој е во собраниска процедура, а со чие усвојување земјата ќе направи дополнителен исчекор.

January 15, 2020 15:06
in ЕКОНОМИЈА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Соработката помеѓу Владата, коморите, синдикатите и организациите на работодавачи е клучна во креирање на ефективни и ефикасни економски политики, програми, проекти и мерки, за побрз и одржлив економски развој, истакала вицепремиерката задолжена за економски прашања Мила Царовска на денешната средба со претседателите на четирите најголеми стопански комори, претставници на синдикатите и претставници на организациите на работодавачи, пренесе МИА.

Царовска, како што соопшти владината прес-служба, посочила дека досегашната соработка е на многу високо ниво, како и дека очекува во иднина уште потесна соработка за креирање на решенија со кои ќе се постигнат повисоки стапки на бруто домашниот производ и ќе се влијае на подигнување на животниот стандард на македонските граѓани.

-Во изминатите две и пол години, како никогаш претходно, Владата успешно соработува со коморите, синдикатите и организациите на работодавачи и како резултат на таа блиска соработка донесени се решенија со кои се задоволуваат интересите на сите засегнати страни: работниците, компаниите и државата. Како пример го имаме Законот за минимална плата, која со заеднички консензус определвме сега да изнесува 14.500 денари, што е за 60 отсто повеќе во односн на 9.050 денари, колку што изнесуваше минималната плата на почетокот на мандатот. Мора да се истакне и Законот за финансиска поддршка на инвестициите, преку кој во 2018 година, за првпат се овозможи поддршка на домашните компании, преку транспарентни и јасни критериуми кои важат за сите компании подеднакво, а со кој веќе се поддржани околу 200 компании, истакнала Царовска.

Вицепремиерката посочила дека во изминатите две и пол години, активно се работеше и на креирање на програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот преку Оперативниот план кој го спроведува Агенцијата за вработување, кои пред се ги задоволуваат потребите на компаниите и реалните потреби на пазарот на трудот.

-Оперативните планови за 2018 и 2019 година се креирани исклучиво за реалните потреби на пазарот на трудот, а пред нивното донесување претходеа широки консултации со сите засегнати страни за да се направат мерки кои навистина ќе бидат за потребите на стопанството и невработените лица. Во 2019 година од буџетот издвоивме рекорден износ од 1,3 милијарди евра за Оперативниот план што е за 33 отсто повисок износ од 2018 година или за 83 отсто повисок износ од 2016 година. Преку Оперативниот план за 2019 година, поддржани се 1.300 микро бизниси, овозможени се обуки и преквалификации за околу 1.670 лица, додека со мерката пракиканство се опфатени 1.700 лица, што претставува вистинска поддршка и за самите компании и за невработените. Со новиот оперативен план за програми и мерки за вработување продолжуваме да спроведуваме активности кои ќе влијаат на намалувањето на невработеноста во државата, со поддршка на самовработувањето, но и преку обуки и преквалификации со кои ќе се задоволат понудата и побарувачката на работна сила на пазарот на трудот, истакнала вицепремиерката Царовска.

Таа посочила дека во периодот кој следи Владата ќе биде посветена на унапредувањето на програмите во образовниот процес, со особен фокус на средните технички училишта и техничките факултети, за да се следи процесот на индустријализација на земјата и да од образовниот процес излегуваа квалитетни, добро обучени кадри, за повисока продуктивност и ефикасност на компаниите, а со тоа и повисока конкурентност на домашниот и меѓународните пазари.

Во своето обраќање пред присутните Царовска додала дека во изминатите две и пол години се направени исклучително големи чекори во енергетскиот сектор, при што го посочи донесувањето на Законот за енергетика, целосно усогласен со третиот енергетски пакет на Европската Унија, како и Законот за енергетска ефикасност, кој е во собраниска процедура, а со чие усвојување земјата ќе направи дополнителен исчекор.

Претставниците на коморите, синдикатите и организациите на работодавачи изнеле свои видувања за идната соработка со Владата, а заедно со вицепремиерката се согласиле дека сите законски решенија, политики, програми и мерки, треба да се носат преку заедничка координација и широки консултации.

Next Post

Медведев поднесе оставка од функцијата премиер на Русија

Shortcut

Најново

Африм Гаши

Африм Гаши повикан на одговорност за блокираните законски измени за заштита на жените

November 27, 2026
Марш пртиво фемицидот во Скопје

Марш против фемицидот во Скопје: Шест барања до институциите со рок до 10 декември

November 26, 2026

16 дена активизам против насилството врз жените: ОН предупредуваат на 70 проценти повеќе пријави во Северна Македонија

November 25, 2026

Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

November 25, 2026
Мила Кунис (Wikipedia)

Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

November 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мила Кунис (Wikipedia)

    Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сите сакаат да владеат со светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk