ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски -Галовеј: Ќе понудиме силни аргументи за позитивна одлука за старт на преговорите со ЕУ

На средбата, претседателот на Владата Спасовски потенцираше дека нашата земја го очекува полноправното членство во НАТО пред изборите во април, и дека во меѓувреме се исполнуваат сите обврски и одговорностите за нашата партиципација во алијансата, вклучувајќи ја и модернизацијата на армијата и нејзиното финансирање согласно стандардите на НАТО.

January 15, 2020 15:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Спасовски, во свое име и во име на Владата, се заблагодари за континуираната поддршка од Обединетото Кралство во спроведувањето на реформите и за аспирациите на нашата земја за членство НАТО и ЕУ, и изрази увереност дека двете земји ќе ја продолжат плодната соработка како партнери и сојузници.


На средбата, претседателот на Владата Спасовски потенцираше дека нашата земја го очекува полноправното членство во НАТО пред изборите во април, и дека во меѓувреме се исполнуваат сите обврски и одговорностите за нашата партиципација во алијансата, вклучувајќи ја и модернизацијата на армијата и нејзиното финансирање согласно стандардите на НАТО.

Премиерот Спасовски нагласи дека паралелно со активности за организирање на предвремените избори во април, Владата останува посветена на стабилизирање на демократијата, на спроведување на реформските процеси, на одржувањето на политички дијалог, стабилни меѓуетнички односи, и функционални институции, како аргументи за позитивна одлука на ЕУ за старт на преговорите во претстојниот период.

Во однос на организацијата на изборниот процес, премиерот Спасовски истакна дека Владата редовно соработува со надлежните институции за спроведување на изборите, во прв план ДИК и ДКСК, како и со сите меѓународни организации, кои како набљудувачи ќе ги следат изборите и изборната кампања, со нагласена намера да го задржи признанието и највисоките оценки за успешно спроведените изборни процеси за време последните локални и претседателски избори.

Амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј изрази уверување дека нејзината земја останува посветен партнер и сојузник на нашата земја, и дека се охрабрувачки најавите дека Европската Комисија бргу ќе ја донесе новата методологија за проширување и дека се надева дека Македонија потоа ќе го започне процесот на преговори по поглавја како нова, значајна фаза во обезбедувањето членство во ЕУ.
На средбата во Кабинетот на Претседателот на Владата Спасовски заеднички беше потенцирано дека доведувањето во прашање на досега постигнатите реформи и договори, особено договорите со Бугарија и Грција, можат да донесат сериозни последици за земјата и за нејзините стратешки интереси, стои во соопштението од Владата на РМ.

Next Post

Усвоен План за унапредување на родовата сензитивност на Собранието 2020 – 2021

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk