Кај нас, имало два периоди кога немало цензура или лиферувањето на информации било ограничено. Првиот период од 1905 до 1917 година. За време на Перестројката и во 90-ите… Сите знаеме како заврши сето тоа. Со колапс на државата. Не може да постои голема нација, без контрола на информациите. И оние кои во нашиот Устав ставиле дека цензурата е забранета, и тие многу добро го знаат тоа. Ова е ставот на главната уредничка на провладината телевизиска групација „Раша тудеј“, Маргарита Симонјан, кое го истакна во емисијата „Воскресна вечер со Владимин Соловјов“ на про-Кремљ ТВ каналот „Россија 1“.
This is the head of Russia Today. Worth watching in full and remembering everyone who appeared on her channel, worked for it and shared its content with nonsense about how it was just an alternative point of view: pic.twitter.com/oxxIg1sUDD
— Ben Judah (@b_judah) April 13, 2022
„Оние кои цел живот не учеа и ни велеа дека општеството мора биде слободно, дека не може да постои развиена економија таму каде што нема развиен политички систем, или слободен политички систем. Сето тоа сe глупости. Еве погледнете ја Кина. Ви се допаѓа кинеската економија? Мене да. Дали тие имаат некаква слобода во политичкиот живот во земјата, слобода во информацискиот живот во земјата? Не, немаат. Никогаш немале. И тоа можеби не е лошо. Можеби е и добро. Ова е апсолуно најдоброто време за подигање на моралот за најдоброто што беше од СССР. Јас паметам дека во 1989 година бев многу горда на пионерската црвена марама и учев да тропам на тапани. Се испоставува дека е време да се смени инфо-политиката, културната полита. Сега е на пресвртница, да гледаме поинаку на сè што се случува во нашата земја, почнувајќи со фразата во нашиот Устав која сега гласи „цензурата е забранета“, вели Симонјан.
Таа во емисијата Вечер со Владимир Соловјов ги нарекуваше украинските заробеници како „монструми и ѓубриња“ и велеше сами да си го изградадат Мариупол.
Meanwhile on Russia’s state TV: head of RT Margarita Simonyan and host Vladimir Solovyov propose that Ukrainian POWs—whom they describe as “monsters and scumbags”—be used as laborers to restore the city of Mariupol, destroyed by Russian forces. pic.twitter.com/33KsOqeNLO
— Julia Davis (@JuliaDavisNews) April 15, 2022
Таа тврдеше дека „Никој не се бори против Украинците! Ние ја ослободуваме Украина! Никој не ги бомбардира мирните украински градови!. За волја на вистина, во емисија кај водителот Роман Бабајан на НТВ на 26 март, Симонјан даде повеќе непотврдени и лажни тврдења, вклучително и тврдењето дека украинските лекари повикале руските затвореници да бидат кастрирани, а украинските „нацисти“ се „подготвени да им ги откинат очите на децата врз основа на нивната етничка припадност“.
Симонјан беше вклучена во листата на санкции на Европската унија поради промовирање „позитивен став кон анексијата на Крим и акциите на сепаратистите во Донбас“. Забранет и влез во земјите на ЕУ и сите средства што ги поседува во нив се замрзнати. Симонјан е етничка Ерменка, родена во Краснодар.
И. Т. З.