„Сега е време да се донесе предлог-закон за забрана на Московската патријаршија во Украина, смета украинскиот пратиник Павло Бакунец, пренесе Врховната Рада на Украина на Твитер.
Народний депутат України Павло Бакунець:
“Зараз є цей час, коли потрібно приймати законопроект про заборону московського патріархату в Україні”. pic.twitter.com/uM7kNbfxmh— Верховна Рада України (@verkhovna_rada) April 16, 2022
Пред неколку дена беше лиферувана „наредба“ да се избрише украинската нација од лицето на Земјата вчера беше лиферувана и во јавноста. И тоа е директива не од било кој, туку од Руската православна црква, Московска патријаршија, Брјанска митрополија, пренесе Еуромаjдан.
„Вие сте руски воин. Ваша должност е да ја браните татковината од украинските националисти. Ваша задача е да ја избришете украинската нација од лицето на земјата. Вашиот непријател е идеологија која предизвикува грешна штета на човечката душа“, пишува на документот.
Ова е директива од црковните службеници за која многу руски војници ќе сметаат дека им дава карт-бланш што се однесува до насилството врз Украинците, пренесува Еуромајдан.
И. З.