ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Маричиќ: Со поддршка од ЕУ го чуваме македонското културно наследство

April 18, 2022 17:12
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Со заштитата на македонското културно наследство ги чуваме идентитетот и нашите вредности, како дел од мозаичната слика на глобално ниво, низ призмата на културно идентитетска препознатливост, напиша Маричиќ на Фејсбук.

„ Денес на Светскиот ден за заштита на културно наследство, наша обврска и должност е да се потсетиме на она што е наш генерациски аманет, што задира во нашите корени и го дефинира нашето постоење, а тоа е чувањето и негувањето на културното наследство кое го имаме во нашата земја.

Нашето време го дефинираат глобални предизвици, меѓу кои климатските промени претставуваат сериозна закана за зачувувањето на културното наследство и тоа не само кај нас туку во целиот свет. Според податоците на УНЕСКО, во еден од три природни локалитети и еден од шест локалитети кои се вбројуваат во културно наследство во моментов се загрозени од климатските промени.

Не сме имуни ниту ние како земја од природни непогоди, последици од климатските промени, кои директно се закануваат да оштетат и дел од националното културно наследство. Од таа причина не само Владата, туку сите, како индивидуи имаме обврска да се грижиме за животната средина и за природата и да придонесеме во заштитата и одржувањето на природното и културното наследство со кои е исклучително богата нашата земја.

Ја унапредуваме соработката и градиме партнерства со нашите соседи, заеднички чувајќи ги нашите културни богатства, искористувајќи ја поддршката од ЕУ средства, преку ИПА фондовите.

Културна рута – по стапките на Мајка Тереза е проект реализиран во рамки на Програмата за прекугранична соработка на Косово и Република Северна Македонија, со цел превентивна заштита и тековно одржување на партерот и манастирските ѕидови на Манастирот Свети Пантелејмон во Нерези.

Манастирот е еден од најубавите средновековни споменици на културата, со фрескоживопис кој спаѓа во редот на највредните дела на византиското црковно сликарство и кој се смета за предвесник на ренесансната уметност.

Повеќе од осум века манастирските порти се отворени за секого: за добронамерни патници кои бараат духовен мир, но и за туристи и уметници, кои сакаат да ја воспримаат историјата преку ова уметничко ремек – дело, кое како да е дел од вечноста.

Вкупната вредност на проектот изнесува 348,285.00 евра, од кои ЕУ средства се 294,078.00 евра“, стои во објавата.

 

Next Post

Ковачевски - Секизќок: Северна Македонија е важен партнер и фактор на стабилноста во регионот

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk