ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Арсиќ: Потегот на СОНК е зачудувачки, личи како да е подгреан од опозицијата

Да не бидам тенденциозен, ама, ми личи како да е подгреан од политичката опозиција. Ваквиот уценувачки пристап во образованието и градинките не паметам дека сме имале. Ние како фела сме давачи на услуги. Во Законот за работни односи и Колективниот договор децидно стои дека за време на штрајк, училиштето исплаќа придонеси а плата треба да исплати организаторот на штрајкот односно во случајов СОНК. Дали СОНК им го кажал овој член од законот на своите поддржувачи, мислам дека не. И тоа е крајно несериозно“, вели Арсиќ.

April 19, 2022 14:56
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Небојша Арсиќ. Фото: лична архива

Небојша Арсиќ. Фото: лична архива

Share on FacebookShare on Twitter

Штрајкот како уставно загарантирано право, е сосема во ред да се користи како начин за искажување револт односно преку таквиот организиран протест да се бараат подобри услови за работа на одредена професија, во случајов покачување на платите во образованието и центрите за згрижување. Кога се гледа од тој аспект навистина е сосем легитимно. Кога имаш незадоволни работници во наставничкиот кадар од висината на платите, добро е за демократијата тоа да се изрази и преку организиран штрајк од страна на соодветниот синдикат во случајов СОНК. Но, постојат и несоборливи факти, кои се случувале во изминативе години, кога се во прашање штрајковите на истоимениот синдикат и нивната врска со политиката. Ова во разговор за ФРОНТЛАЈН го вели наставникот Небојша Арсиќ за актуелниот штрајк на СОНК.

„Сведоци сме на последниот штрајк на СОНК, некаде пред 7 години, кога синдикатот имаше многу повеќе членови од денес, и кога беше единствениот репрезентативен синдикат кој претставуваше сериозен субјект во кој наставничкиот кадар гледаше единствена можност, би рекол и спас преку кој можеше да се искаже некое незадоволство, вели Арсиќ.

Тој потсетува дека тогаш власта на ВМРО-ДПМНЕ со притисоци и заплашувања го згаснала штрајкот, а во тоа време основицата во образованието и градинките била нецели 19.000 денари.

„По само неколку дена од започнувањето на тој штрајк, знаеме дека тогаш на власт беше ВМРО-ДПМНЕ, едноставно со користење на разни механизми, притисоци и заплашувања, штрајкот беше згаснат. После тој штрајк имаше напуштање на голем број членови од СОНК. Тогаш се внесоа и апсурдните членови во Законот за образование каде тој предвидува заменски наставници. Во тоа време мора да се напомене дека не постоеше ниту една било каква криза и немаше ниту една причина зошто платата во образованието и згрижувачките центри- градинките, да не се покачат. Тогаш основицата беше нецели 19.000 денари. Односно за цели 11 години власт на ВМРО-ДПМНЕ платата се покачи вкупно само 1.800 денари“, потсетува Арсиќ.

Одлуката за штрајк на СОНК е изненадувачкa бидејќи и тие самите учествуваа на договорот со Владата, вели Арсиќ. Сега, во време на енергетска и корона криза, потенцира Арсиќ, платите константно се покачуваат.

„Денес се наоѓаме, мора да се потенцира, при крај на корона криза и почеток на енергетска и безбедносна криза. Згора на тоа, платите во образованието односно во градинките се покачуваат константно и достигнаа 21% покачување на основицата. Во сума пресметано тоа е некаде околу 4.500 денари плус за 4,5 години власт на СДСМ. Да не заборавиме дека СОНК и Владата се договорија дека во рок од 6 месеци напоредно ќе се покачува платата во однос на минималната плата која се донесе пред нецел месец. Одлуката за штрајк на СОНК е изненадувачки бидејќи и тие самите учествуваа на договорот со Владата. Барањето на СОНК за 18,4% покачување на основната плата не што е само голема, туку истата може да придонесе уште поголема инфлација. Економистите тоа веќе повеќе пати го објаснија аргументирано“, вели Арсиќ.

Тој нагласува дека сегашниот штрајкот на СОНК се одвива без притисок на власта и дека не постои ниту еден сведок кој говори дека му е нарушено уставното право за штрајк.

„Штрајкот сега се одвива непречено, без ниту еден притисок од власта. Директорите се однесуваат професионално. Не постои ниту еден сведок кој говори дека му е нарушено уставното право за штрајк. И сето тоа е за поздравување. Така и треба да биде во една демократска држава за каква што се стремиме да бидеме и всушност сме“, појаснува Арсиќ.

За понудата од Владата за покачување на основицата од 10 проценти, наставникот Арсиќ смета дека според околностите понудата е реална и прифатлива и ја повикува фелата на солидарност.

„Вака на прв поглед можеби изгледа малку, но, можеби таа е сумата која Владата може во моментов и според сите реални околности да ги понуди. Се работи за сума од околу 2.500 денари плус. Дали е доволна? Не. Ама, дали е реална и прифатлива во моментов, да. Мораме ние како фела да бидеме солидарни и да сочувствуваме со државата во овие моменти. Мораме да го имаме во предвид и фактот дека за првпат во нашата историја, откога се штрајкува, имаме Влада која позитивно одговара на побарувањето. Да се разбереме. МОН е едно од најголемите министерства во државата. Вкупно брои околу 30 000 вработени“, вели Арсиќ.

Според него одбивањето на понуденото од Владата од страна на СОНК е зачудувачки и личи како да е подгреан од опозицијата.

„Понудата од Владата заврши со одбивање на СОНК. Според мене ваквиот потег е зачудувачки и неблагодарен. Да не бидам тенденциозен, ама, ми личи како да е подгреан од политичката опозиција. Ваквиот уценувачки пристап во образованието и градинките не паметам дека сме имале. Ние како фела сме давачи на услуги. Во Законот за работни односи и Колективниот договор децидно стои дека за време на штрајк, училиштето исплаќа придонеси а плата треба да исплати организаторот на штрајкот односно во случајов СОНК. Дали СОНК им го кажал овој член од законот на своите поддржувачи, мислам дека не. И тоа е крајно несериозно“, вели Арсиќ.

Посочува дека е поразително што со неконтинуираноста на учениците, со штрајкот, драстично се намалува и знаењето, квалитетот и успехот на сите ученици.

„Втора работа која е мошне битна, треба да го уважиме и фактот дека ако потрае овој штрајк се косиме со бројот на работни денови предвидени за една учебна година. И на крај мора да си признаеме дека покрај неконтинуираноста на учениците, со штрајкот, драстично се намалува и знаењето, квалитетот и успехот на сите ученици. Тое е најпоразително во овој момент. Еве настрана да ја тргнеме  неможноста на родителите да се организираат каде да ги остават своите деца во времето кога тие треба да се на своите работни места. Знаеме дека и тие веќе стануваат пореволтирани и одбиваат да ги носат своите деца после 10 јуни, од причина што некој веќе си го организирал летниот одмор во тоа време, а деветтите и средношколците во тоа време вршат уписи во средно училиште односно факултет“, потенцира Арсиќ.

Затоа, нагласува Арсиќ за Фронтлајн, има многу причини разумно да прекинеме со штрајкот и низ постојан дијалог да се изнајдат решенија кои ќе придонесат за задоволување на барањата на СОНК и наставниците.

Ј. Ѓорѓиоски

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Народен правобранител: Има позитивни чекори во инклузијата на децата со попречености, напорите не треба да запрат

НАЈНОВО

Демант на Спасовски: Никогаш не сум спречил контрола, ДПМНЕ во очаен обид да ја прикрие вистината за Кочани

October 12, 2025

(ВИДЕО) Герасимовски: Срамно, намерно се остава смет покрај празни контејнери за црна кампања, но ќе исчистиме

October 12, 2025
Фото скриншот

Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk